Црква „Св. Недела“ - Велес
Изглед
Света Недела | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Велешко |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°42′11.3″N 21°47′16.0″E / 41.703139°N 21.787778°E |
| Место | Велес |
| Општина | Велес |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Света Недела |
| Изградба | среден век |
| Архитектонски опис | |
| Стил | византиски |
Св. Недела — црква во градот Велес. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е изградена во средниот век. Сместена е на стрмна карпа од десната страна на реката Тополка, кај нејзиното устие во Вардар и на околу 300 м западно од црквата „Св. Димитриј“. Судејќи по градбата и остатоците од живописот, храмот му припаѓа на византискиот период. Изгледа служела како храм на Велешката тврдина од Стариот Град, и се наоѓа на неговиот северен крај.
Храмот е доста посетуван, претежно на Цветници, Великпеток и во неделите од Велигден до Спасовден.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Останати цркви во Велес“. Повардарска епархија. 14 јуни 2007. Посетено на 22 февруари 2014.
| |||||||||||||


