Црква „Св. Петка“ - Велес
Света Петка | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Велешко |
| Парохија | Трета велешка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Место | Велес |
| Општина | Велес |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Света Петка |
| Изградба | 2006-2011 |
| Осветување | 13 ноември 2011 |
| Зограф | Александар Иванов, Милка Конеска |
| Архитектонски опис | |
Света Петка — црква [1] на југ од градот Велес, веднаш од десната страна на патот за Градско и реката Вардар. Ова здание најпрвин, било параклис, односно молебеник, за некаде во деведесеттите години од минатиот XX век да се преуреди и догради во помала црква. Постоењето на молебеникот-параклисот не е точно утврден, но се претпоставува дека е од понов период. Во периодот од 2005 до 2011 е започната изградба на голем и современ црковен објект со целосен фрескоживопис на ѕидовите во внатрешноста, во кој е вграден и зачуван молебеникот (параклисот). Особено е впечатлива внатрешноста на црквичката во која се наоѓа природен извор на вода за која велешани веруваат дека има исцелителна моќ[2]. Црквата е осветена од страна на митрополитот повардарски г. Агатангел во сослужение со митрополитот европски Пимен и бројно свештенство и присуство на градоначалникот и пратеници од Велес, на 13 ноември 2011 година[3]. Црквата е изградена според архитектонското дело на архитектот Благој Здравев, фрескоживописувањето го извршиле зографите Александар Иванов и Малка Конеска, а иконостасот е дело на Љубомир Бисинов[3].
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед од север на црквата Св. Петка во Велес
- Поглед од југ на црквата Св. Петка во Велес
- Фрескоживописот и иконостасот во внатрешноста на црквата
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Црквата Света Петка“. Архивирано од изворникот на 2013-01-26. Посетено на 2013-02-06.
- 1 2 Осветување на црквата „Св. Петка“ Велес - Повардарска епархија
| |||||||||||||


