Димко Крепиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димко Крепиев
Роден 1882
Велес  Османлиско Царство
Починал 15 јануари 1945(1945-01-15) (возр. 63)
Велес,  СР Македонија,  Југославија

Димко Петров Крепиев со псевдонимите Д. Кр. и Хун (1882, Велес15 јануари 1945, Велес) — македонски учител и револуционер, деец на про-врховистичко крило на ВМРО, и илинденска организација од 1941, поради што, како и заради различната идеологија од пост-воениот режим е стрелан во јануари 1945 година.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Димко Крепиев е роден 1882 година во Велес, тогаш под Османлиското Царство. Внук е на борецот за црковна и културна независност во Велес и Македонија Ѓошо Крепиев. Работи како учител и е долгогодишен раководител на револуционерното дело во Велешко. Во 1906 година е делегат на Скопскиот окружен конгес на ВМРО.

Во 1941 година е избран во месниот одбор на Илинденската организација.[3] Кон крајот на 1944 година Крепиев е уапсен и на 15 јануари 1945 година е ѕверски убиен заедно со братучед му Лазар Крепиев и уште 51 души во околината на Велес од нардоната власт за време на Велешкиот масакр,[4][5][6] обвинети без судски процес за учество во михајловистички контрачети и поддршката на бугарскиот окупатор во борбата против партизанското македонското ослободително движење[1], а според други историски извори се работи за дел од репресиите на комунистичките власти во првите години од воспоставувањето на власта во Македонија врз различни категории, почнувајќи од интелектуалци, патриоти за обединета Македонија, членови на ВМРО, обични селани, па до соработници на окупаторските власти.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Група автори (1997). Во интерес на вистината. Велес: Семејства на загинатите борци, осуденици, интерници и жртви на фашизмот од народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија. стр. 61–62.
  2. 2,0 2,1 „71 година од велешкиот масакар – Комунистичкиот срам кој со ништо не се пере“. Република. 2021-01-14. Посетено на 2022-06-25.
  3. Илюстрация Илинден, ноември 1941, година 13, книга 9 (129), стр. 13.
  4. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 86.
  5. Църнушанов, Коста. Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него, Унив. изд. "Св. Климент Охридски", София, 1992
  6. Църнушанов, Коста, „Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него“, Унив. изд. "Св. Климент Охридски", София, 1992.