Масакр во Кокошиње

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Масакрот во Кокошиње е масакр, односно серија од неколку масакри, извршени од страна на чети на ТМОРО врз српското население во околината на Куманово и Кратово во периодот јули-септември 1904 година. Злосторствата се извршени како одмазда за предавството на четите на Атанас Бабата, Славејко Арсов и Стојан Донски, а биле извршени под команда на Атанас Бабата, Јордан Спасов и Мише Развигоров. Збирниот назив Масакр во Кокошиње за убиствата извршени како во Кокошиње така и во Шопско Рударе и Татомир го дал тогашниот печат според селото Кокошиње во кое имало најмногу жртви.

Настани[уреди | уреди извор]

На 11 јули 1904 година четите на Атанас Бабата, Славејко Арсов и Стојан Донски биле опколени од турскиот аскер кај светиниколското село Горно Ѓуѓанце. По шестчасовна битка, четите биле принудени да отстапат. Во битката загинале околу 20 четници и војводата Донски, додека ранетиот војвода Арсов се самоубил.[1]

Истиот ден четата на Јордан Спасов влегува во кратовското село Татомир и го убива селскиот првенец Димо Спасов (Спасиќ), бидејќи одбива да го префрли селото во Бугарската егзархија.

Откако Атанас Бабата добил информации дека четите биле поткажани од србомани од селото Кокошиње, на 6 август неговата чета влегува во ова село и убива 53 селани. После тоа, Бабата одржал говор пред останатите селани за бугарштината и за нужноста делото да се префрли во Егзархијата. Труповите биле оставени на сред село и била оставена белешка дека се убиени како одмазда за убиените четници на ВМОРО.[2]

На 24 август четата на Јордан Спасов влегува во Шопско Рударе и убива четири мажи и три жени, кои пред тоа биле силувани.

Кон средината на септември Мише Развигоров влегол со својата чета во Кокошиње и убил осуммина селани.[3]

Последици[уреди | уреди извор]

Како резултат на овие акции, селата Шопско Рударе и Кокошиње преминале кон Бугарската егзархија.[4] Доаѓа до прекин на односите помеѓу ТМОРО и Српскиот четнички комитет и одмазда од српските чети. На 12 декември 1904 година една српска чета влегла во Шопско Рударе, за да ги казни селаните кои се одвоиле од Патријаршијата, и го убила синот на еден од највидните семејства во селото Бојко, Тасев. Следниот ден биле уапсени и десет селани.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]