Бугарска офанзива во Тиквешијата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Масакрот во Ваташа

Бугарска офанзива во Тиквешијата (7 јуни до 16 јуни, 1943 година) ― една од повеќето офанзиви на бугарската војска и полиција.[1]

Формирањето и активноста на македонските партизански одреди, „Сава Михајлов“ и „Добри Даскалов“ на тиквешко-гевгелискиот терен ги принудиле бугарските власти да преземат офанзива за нивно уништување. Офанзивата започнала на 7 јуни, а траела до 16 јуни, 1943 година, како составен дел на пошироката офанзива на битолското подрачје. Со неа раководел бугарскиот полковник Љубен Апостолов, командант на Педесет и шестиот бугарски полк во Македонија и Шестиот бугарски полк во Македонија, а учествувале и следните бугарски единици: Петнаесетта дивизија, Четиринаесеттиот полк, Четиринаесеттата дивизија и единиците на полициските сили распоредени во Прилеп, Неготино, Кавадарци и Велес, како и сепијално формирана полициски одред испратен од Скопје.

Бугарскиот терор извршен во Тиквешијата - опишан од Лазар Мојсов, објавен во весникот Нова Македонија бр.28 од 3 јануари, 1945 година (среда)

Битки[уреди | уреди извор]

Во текот на офанзивата партизанските одреди и бугарските сили имале судири на следните места: Дрен (9 јуни), Никодин (10 јуни), Фариш и патот Градско-Прилеп (11-12 јуни). Бугарската војска извршила неколку стрелања врз месното население од кои најмасовно било стрелањето на младинците од Ваташа, кај Кавадарци. Офанзивата завршила со блокада на Кавадарци и Неготино. И покрај загубите, партизанските одреди успеале да се повлечат на планината Кожуф.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. д-р Стојан Киселиновски и д-р (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 91. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)