Прејди на содржината

Љубен Апостолов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубен Апостолов
27 април, 189522 јануари, 1945

Апостолов за време на судскиот процес против него во 1945 година.
Роден во:Крива Паланка, Отоманско Царство
Роден на:27 април, 1895
Починал во:Кавадарци, СР Македонија
Починал на:22 јануари, 1945
Период на служба:1915 - 1944


Љубен Апостолов роден како Љубен Константинов Апостолов (Крива Паланка, 27 април 1895Кавадарци, 22 јануари 1945) ― офицер и полковник во армијата на Бугарија, командант на 56та велешка пешадиска полк ​​за време на Втората светска војна (1941-1944). Познат е по вклученоста во Ваташкиот масакр.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Рани години

[уреди | уреди извор]
Статија за злосторот на бугарскиот окупатор во Тиквешкиот регион, во кој е учесник и Љубен Апостолов.

Апостолов е роден на 27 април 1895 година во Крива Паланка, тогаш во Отоманската империjа. Тој бил примен во Воено училиште во Софија. Учествувал како кадет во Балканската војна. Во Првата светска воjна служел во Први македонски пешадиски полк ​​на Единаесетта пешадиска македонска дивизија. На 9 март 1916 година, завршил на Военото училиште. По воjната служел во Првиот софиски пешадиски полк. Во 1928 година бил назначен за раководител на 22-ри граничен полк. Од 1930 година служел во Триесетти полк пешадиски полк, а потоа од 1933 година бил началник на оддел во Армискиот штаб. Во 1939 година бил назначен за шеф на Домот за инвалиди, каде служел на почетокот на Втората светска војна.

Во Втората светска војна

[уреди | уреди извор]

Од септември 1942 до 1944 година, Апостолов командувал со Педесет и шестиот велешки пешадиски полк. Во борба против герилските операции, тој го наредил стрелањето на 12 млади комунисти од Ваташа, извршено на 16 јуни 1943 година. Тие билe локални младинци, помагачи и симпатизери на илегалците и биле приведени во нивните домови истиот ден. По Комунистичкиот пуч на 9 септември 1944 година, Апостолов бил отпуштен од Бугарската армија. Во ноември 1944 година, Апостолов бил уапсен во Бугарија и предаден на комунистичките власти во Југославија. Пред судот рекол дека не учествувал лично во акцијата во Ваташа, но ја издал наредбата за стрелањето, затоа што било пријавено дека жртвите биле комунисти, заробени за време на битка. Според наредбите што важеле во тоа време во Бугарската армија, Женевската конвенција за воени заробеници не важела за нив и тие требало да бидат стрелани на место. Тој бил осуден на смрт и убиен во Кавадарци во 1945 година.

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  • Ташев, Т., „Бугарската армија 1941 - 1945 година - енциклопедиска референтна книга“, Софија, 2008 година, „Воена издавачка куќа“ ДОО, ISBN 978-954-509-407-1
  • Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009 година