Горно Граматиково

Координати: 40°41.73′N 21°56.21′E / 40.69550° СГШ; 21.93683° ИГД / 40.69550; 21.93683
Од Википедија — слободната енциклопедија
Горно Граматиково
Άνω Γραμματικό
Горно Граматиково is located in Грција
Горно Граматиково
Горно Граматиково
Местоположба во областа
Горно Граматиково во рамките на Воден (општина)
Горно Граматиково
Местоположба на Горно Граматиково во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°41.73′N 21°56.21′E / 40.69550° СГШ; 21.93683° ИГД / 40.69550; 21.93683
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаОстровско Езеро
Надм. вис.&100000000000011600000001,160 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно11
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Горно Граматиково или Колиби[2] (грчки: Άνω Γραμματικό, Ано Граматико; до 1927 г. Άνω Γραμματίκοβο, Ано Граматиково;[3] влашки: Grãmãticova) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 11 жители (2011).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се ноѓа 20 км јужно од гратчето Острово, во пазувите на планината Каракамен, на надморска височина од 1.160 м.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во минатото ова била чисто македонска населба, но истото настрадало во Негушкото востание (1812) и било разнебитено.[2] Селото е подигнато многу подоцна од Власи сточари, кои дошле од Епир[2] и местото станало познато како Колиби.[2][4] Највеќето извори не го попишуваат како посебно место, туку како целината Граматиково, заедно со Долно Граматиково.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Граматиково (Горно и Долно) е село во Воденската каза со 280 куќи и вкупно 848 жители Македонци и 415 Македонци-муслимани[5].[6]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), кон крајот на XIX век населението на Горно Граматиково, заедно со она на Долно Граматиково се состои од 480 Македонци[5] и 300 Турци[7]. Сепак, Боривое Милоевиќ во го посочува Горно Граматиково како посебно село со 100 влашки куќи[2], претежно печалбарски, и дека во 1888 г. во селото е отворено романско училиште.[8] На етничката карта, К’нчов погрешно го бележи како влашко Долно место Горно граматиково.

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 549 жители.[2] Во 1920 г. бројот на населението се намалил на 454 жители, а за 1928 г. нема податоци.[2]

Како планинско село, Горно Граматиково прилично настрадало во Граѓанската војна, кога зимата 1947 г. грчките власти го иселиле населението во Воден. По нормализацијата на состојбите, во него се вратиле само некои жители, па затоа населението бележи пад од 615 жители во 1940 г. на само 293 жители во 1951 г.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Бројноста на населението во селото има трајно опаднато во децениите по Граѓанската војна, поради нецелосниот повраток на населението по нормализацијата на состојбите. Останатите жители живеат во Воден и Негуш, но продолжуваат да ги користат своите селски имоти.[2] Дел од родените во селото се иселиле во Романија.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 615 293 241 79 9 103 78 11
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Граматиково, во кое спаѓа и селото Долно Граматиково.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главна дејност на селаните се шумарството и одгледувањето компири. Застапено е и сточарството, но во многу помала мера од порано.[2]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Атанасие Наста (1912-1996) — романски адвокат, филолог, писател на влашки јазик и поет
  • Гогу Пију (1918-1948) — романски политичар
  • Думитру Париза (1908-1996) — романски поет
  • Коста Баку (1883-?) — свештеник во црквата „Свети Димитриј“ во Граматиково, срушена за време на Втората светска војна; по војната му било забрането да служи на романски и станува грчки свештеник[9]
  • Хали Жога — војвода на чета на романската пропаганда[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 47.
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Άνω Γραμματίκοβον - Άνω Γραμματικόν
  4. Селото се води во грчката статистика под името Колиби заклучно со пописот од 1920 г., а потоа го повраќа старото име. (Симовски, стр. 47)
  5. 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София 1900, с. 270
  8. Романски, Стоян. Македонските ромъни, Македонски преглед, г. I, 1925, кн. 5-6, с. 92.
  9. IERARHI AROMÂNI ORIGINARI DIN PENINSULA BALCANICÃ[мртва врска]
  10. Minov, Nikola. The Aromanians and IMRO, во: Macedonian historical review, vol.2, 2011, стр. 191.