Бегниште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бегниште
Панорама на Бегниште.jpg

Панорамски поглед на селото

Бегниште is located in Македонија
Бегниште
Местоположба на Бегниште во Македонија
Координати 41°22′03″N 21°59′51″E / 41.36750° СГШ; 21.99750° ИГД / 41.36750; 21.99750Координати: 41°22′03″N 21°59′51″E / 41.36750° СГШ; 21.99750° ИГД / 41.36750; 21.99750
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Kavadarci Municipality.svg Кавадарци
Област Тиквеш
Население 369[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1430
Повик. бр. 043
Надм. вис. 400 м
Слава Мала Богородица
Commons-logo.svg Бегниште на Ризницата


Бегниште — село во Општина Кавадарци, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Лозови насади во близина на селото и главната селска црква „Рождество на Пресвета Богородица

Селото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, односно јужно од градот Кавадарци, во областа Витачево, а чиј атар се допира со вештачкото Тиквешко Езеро.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 400 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 11 километри.[2]

Атарот има средна големина и зафаќа простор од 14,7 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 727,6 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 498,5 хектари, а на шумите 134,1 хектар.[2]

Селото е од збиен карактер со разредени краеви, поделено на седум маала. На левата страна на долината се наоѓа Грижевско Маало, кое е раштркано. Од десната страна се наоѓаат останатите збиени маала. На главниот пат е Сретселото со школото, општината, кафаната и десетина дуќани и занаетџилници. Црквата се наоѓа под Тренчевско Маало. Останати маала се Роговско, Даскаловско, Ѓорчевско, Спанџовско и Тасевско.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во близина на селото се наоѓа зачуваната средновековна пештерна црква „Св. Лазар“ (позната и како Сопишка црква). Црквата е значаен архитектонски споменик со зачувани фрески од XIV век.

Селото било христијанско од полуварошки тип. Староседелците во селото се дојдени од велешката област Азот.[3]

Во XIX век, Бегниште било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Лозови насади во селото

Селото има мешовита полјоделско-сточарска функција.[2]

Селаните повеќе живееле од земјоделство, а дополнително се занимавале со сточарство.[3]

Во турско време, селото било чифлик, но селаните почнале да се ослободуваат од чифлиците и да ја откупуваат земјата, па така во селото се развила и мала чаршија со дуќани, а се појавиле и мајстори, кои граделе куќи во тиквешките села.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Бегниште имало 860 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бегниште имало 1.360 жители.[5]

Бегниште е средно село по големина, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година селото броело 732 жители, од кои 677 биле Македонци, а 43 жители Срби, додека во 1994 година бројот се намалил на 413 жители, од кои 404 биле Македонци, а девет жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Бегниште имало 369 жители, од кои 368 Македонци и 1 Србин.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 860 1.360 693 727 732 600 469 418 413 369
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Како родови во Бегниште се споменуваат:[3]

  • Старинци од велешки Азот: Басаровци (Грижевци (Грижевско М.) 3 к.; Штавовци (Грижевско М. 2 и Роговско М. 1) 3 к.; Тренчевци (Тренчевско М. 5 и Роговско М. 1) 6 к.; Вилиновци (Ѓорчевско М.) 3 к.; Талевци (Тасевско М. и Ѓорчевско М.) 2 к.) 17 к.; Крачевци (Крачевци (Роговско М.) 1 к.; Ковевци-Пластовци (Тренчевско М.) 2 к.; Мишајковци (Даскаловско М.) 1 к.; Роговци (Роговско М. 3 и Даскаловско М. 1) 4 к.; Витановци (Даскаловско М.) 3 к.; Диневци (Даскаловско М. 2, Тренчевско М. 1 и Грижевско М. 1) 4 к.; Балтовци (Ѓорчевско М. и Тренчевско М.) 2 к.; Ицовци (Ѓорчевско М. и Тренчевско М.) 2 к.; Курчевци (Ѓорчевско М.) 2 к.) 21 к.; Ѓорчевци (Ѓорчевци (Ѓорчевско М. 9, Грижевско М. 1, Тасевско М. 3 и Даскаловско М. 1) 14 к.; Зулумовци (Тасевско М.) 2 к.) 16 к.; Дрдовци (Грижевско М.) 3 к.; Илчевци (Грижевско М. 5 и Даскаловско М. 1) 6 к.; Шумуловци (Шумуловци (Тасевско М. 2 и Ѓорчевско М. 1) 3 к.; Анѓелковци-Јасковци (Грижевско М.) 1 к.; Андуровци (Роговско М.) 1 к.) 5 к.; Трипуновци-Северовци (Тренчевско М. и Роговско М.) 2 к.; Златевци (Тасевско М.) 4 к.; Чолаковци (Даскаловско М.) 1 к.; Деловци (Тасевско М.) 1 к.; Сивевци (Тасевско М.) 1 к.; Милимишковци (Тасевско М.) 3 к.; Чамевци (Тасевско М. 3 и Даскаловско М. 1) 4 к.; Карабашовци (Тасевско М.) 1 к.; Спанџовци (Спанџовско М.) 6 к.; Матејовци (Спанџовско М.) 1 к.; Ѓировци (Ѓорчевско М.) 1 к.; Самарџијовци (Даскаловско М. 1, Ѓорчевско М. 1 и Тренчевско М. 3) 5 к.; Чачковци (Роговско М.) 4 к.; Пикаловци (Роговско М.) 2 к.; Диѓанџијовци (Тренчевско М.) 2 к. и Јовевци (Тренчевско М.) 2 к..
  • Постари доселеници:
  • Белегушковци (Даскаловско М.) 1 к. Не се знае од каде се доселени.
  • Мијаковци (Грижевско М. 3 и Роговско М. 1) 4 к. Доселени се од мијачкиот крај кон крајот на 18ти век.
  • Ѕверовци (Роговско М.) 4 к. Доселени се од селото Врпско во Мариово кон крајот на 18ти век.
  • Тасевци (Тасевско М.) 7 к. Доселени се од селото Кошани, а таму од Куманичево.
  • Ајровци (Тренчевско М.) 1 к. Доселени се однекаде.
  • Даскаловци (Даскаловско 2 и Тасевско М. 2) 4 к. Доселени се од селото Мал Радобил во почетокот од 19ти век.
  • Барамачовци (Даскаловско М.) 3 к. Доселени се од селото Полчиште во Мариово на почетокот од 19ти век.
  • Крагујовци-Моклишовци (Ѓорчевско М.) 3 к. Доселени се од селото Моклиште на почетокот од 19ти век.
  • Јанколовци (Даскаловско М.) 2 к. Доселени се од селото Кошино во почетокот од 19ти век.
  • Пичуровци (Даскаловско М.) 1 к. Доселени се од Кавадарци околу 1820 година.
  • Мајсторовци-Бунарци (Даскаловско М.) 1 к. Доселени се од селото Никодин кај Прилеп во 1820 година.
  • Грковци-Ѓувтевци (Тасевско М. 4 и Ѓорчевско М. 1) 5 к. Доселени се од околината на Бер во Егејска Македонија.
  • Мегленци (Ѓорчевско М.) 2 к. Доселени се од селото Баово во Меглен околу 1830 година.
  • Бошковци (Спанџовско М.) 4 к. Доселени се однекаде околу 1840 година.
  • Струмичани (Роговско М.) 1 к. По потекло се од струмичко, од каде дошле во Тиквеш во 1840 година.
  • Кулевци (Роговско М.) 1 к. Доселени се од селото Галиште во средината на 19ти век.
  • Понови доселеници:
  • Шалевци (Тренчевско М.) 3 к. Доселени се од селото Дабниште во 1896, а уште подалечно потекло од Мариово
  • Пејковци (Роговско М.) 1 к. Доселени се од селото Ресава, а уште подалечно потекло од Меглен
  • Добротинци (Тренчевско М.) 1 к. Доселени се од селото Добротино
  • Атанасовци-Ѓошовци-Бојанчишци (Тренчевско М.) 1 к. Доселени се од селото Бојаниште во 1906 година, а таму од Ресава, а уште подалечно потекло од селото Витолиште во Мариово од 18ти век.
  • Парапанци-Бојанчишци (Тренчевско М.) 1 к. И они се доселени од Бојанчиште, а уште подалечно потекло од селото Витолиште во Мариово од 18ти век.
  • Бојковци (Тренчевско М.) 1 к. Доселени се од селото Куманичево, а таму доселени од селото Градиште.
  • Калајџије (Спанџовско М.) 1 к. Доселени се од селото Градиште.
  • Чакаровци (Грижевско М.) 1 к. Доселени се од селото Ваташа во 1917 година.
  • Миџевци (Ѓорчевско М.) 1 к. Доселени се од Северна Америка во 1919 година, а таму од селото Градиште, од каде отишле во северна Америка на печалба.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Основното училиште во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Бегниште, во која се наоѓале селата Бегниште, Гарниково, Дабниште, Драгожел, Кошани и Ресава.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Бегниште, во која покрај селото Бегниште се наоѓале селата Гарниково, Дабниште, Драгожел, Кажани, Куманичево и Ресава.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Рождество на Пресвета Богородица“

Селото е опфатено во склоп на изборното место бр. 0701 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Бегниште, Драгожел, Гарниково и Кошани, кое е сместено во основното училиште во селото Бегниште.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 278 гласачи.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 264 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[13][14]
Споменици од НОБ

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Џоломарите — пагански обичај, кој се прославува на 14 јануари (Василица), кога жителите на селото со посебни василичарски обичаи ги бркаат лошите духови. Освен за бркање на духовите, Џоломарите играат и за поплодна година. Во овој ритуал учествуваат околу 15 луѓе. Тие се избираат на тој начин кога на третата ден од Божиќ се состануваат и се прави список со доброволци кои ќе учествуваат во обредот на тој ден. Целата дружина се состои од 15 луѓе од кои има 2 невести и една баба. Џоломарите се будат во раните утрински часови да се спремат тие ги облекуваат своите алишта т.н чулавки го црнат лицето со пепел или жар ги ставаат своите вештачки мустаќи и брада и на крај ги ставаат клопотарците и ѕвонците на својата половина. Џоломарите треба да изгледаат пострашно за полесно да ги избркаат злите духови. После ова спремање сите тие се упатуваат кон центарот на селото. Истото утро секоја домаќинка меси баница со што ги дарува Џоломарите за здравје во нивната куќа.
  • Мала Богородица — селска слава

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Бегниште

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Фудбалскиот клуб Космос последен пат активно се натпреваруваше во сезоната 2007/08 во општинската лига на Кавадарци кога се откажа на полусезона.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 5 февруари 2018. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 22. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 5 февруари 2018 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 424-428. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  9. „ООУ Тоде Хаџи Тефов“. конс. 4 февруари 2018. 
  10. „Описи на ИМ“. конс. 5 февруари 2018. 
  11. „Локални избори 2017“. конс. 5 февруари 2018. 
  12. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  14. „Цркви во Маренската парохија“ (македонски). Повардарска епархија. конс. 5 февруари 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]