Сопот (Кавадаречко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сопот
Куќи во Сопот.jpg

Улица во селото Сопот

Сопот is located in Македонија
Сопот
Местоположба на Сопот во Македонија
Координати 41°29′20″N 22°01′24″E / 41.48889° СГШ; 22.02333° ИГД / 41.48889; 22.02333Координати: 41°29′20″N 22°01′24″E / 41.48889° СГШ; 22.02333° ИГД / 41.48889; 22.02333
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Kavadarci Municipality.svg Кавадарци
Област Тиквеш
Население 804[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1427
Повик. бр. 043
Надм. вис. 205 м
Commons-logo.svg Сопот на Ризницата


Сопот — село во Општина Кавадарци, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во во Тиквешката Котлина, во североисточниот дел од Општина Кавадарци, недалеку од градот Кавадарци. Селото е сместено на левиот брег на реката Луда Мара. Селскиот атар нашироко се допира со подрачјето на соседната Општина Неготино.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 205 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 6 километри.[2]

Атарот зафаќа простор од 19,8 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.721 хектар.[2]

Селото е од збиен тип со разредени краеви, поделено на две маала, Горно и Долно Маало.[3]

Историja[уреди | уреди извор]

Селото било муслиманско во турско време. До крајот на XIX век во селото имало христијани, а на другата страна на реката постоело Чифличко Маало.[3]

Селото е старо и било седиште на тиквешкиот областен управител („ајан“) пред Пепелиште.[3]

Во XIX век, Сопот било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има исклучително полјоделска функција.[2]

Во минатото, жителите се занимавале со земјоделство и имало неколку бегови.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Сопот имало 580 жители, од кои 575 Македонци (350 православни и 225 муслимани) и 5 Роми.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сопот имало 120 жители.[5]

Муслиманските родови од селото се иселиле пред Втората светска војна, што може да се забележи и од податоците од спроведените пописи по војната.

Селото е големо, коешто во 1961 година броело 865 жители, од кои 822 биле Македонци, а 20 жители Срби, додека во 1994 година селото имало 866 жители, од кои 853 биле Македонци, 8 Срби и 3 Роми.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Сопот имало 804 жители, од кои 800 Македонци, 2 Роми, 1 Србин и 1 останат.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 580 120 838 870 865 894 903 858 866 804
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Како родови во Сопот се споменуваат:[3]

  • Муслимански родови:
    • Старинци: Рушидепајиовци (Горно М.) 7 к.; Гореновци (Горно М.) 5 к.; Копшиновци (Горно М.) 2 к.; Камбоновци (Горно М.) 4 к.; Мушичковци (Долно М.) 8 к. и Јунузовци (Долно М.) 5 к..
    • Доселеници: Зајимовци-Карапашовци (Горно М.) 8 к.; Бесвичевци (Горно М.) 2 к. и Муаџировци (Долно М.) 1 к..

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Основно училиште
  • Амбуланта
  • Дом на културата
  • Месна заедница

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Сопот, во која се наоѓале селата Курија, Марена и Сопот.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Кавадарска градска општина, во која покрај селото Сопот се наоѓале градот Кавадарци и селата Ваташа, Глишиќ и Марена.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Атанасиј““

Селото е опфатено во склоп на изборното место бр. 0702 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Сопот.[9]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 665 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[11][12]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Сопот

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 28 февруари 2018. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 279. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 28 февруари 2018 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 374-375. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. "Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна". Државен завод за статистика. 
  9. "Описи на ИМ". конс. 28 февруари 2018. 
  10. "Локални избори 2017". конс. 28 февруари 2018. 
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  12. "Цркви во Маренската парохија" (македонски). Повардарска епархија. конс. 28 февруари 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]