Шивец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шивец
Поглед на Шивец.jpg

Поглед на селото

Шивец is located in Македонија
Шивец
Местоположба на Шивец во Македонија
Координати 41°26′54″N 21°55′49″E / 41.44833° СГШ; 21.93028° ИГД / 41.44833; 21.93028Координати: 41°26′54″N 21°55′49″E / 41.44833° СГШ; 21.93028° ИГД / 41.44833; 21.93028
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Kavadarci Municipality.svg Кавадарци
Област Тиквеш
Население 91[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1424
Повик. бр. 043
Надм. вис. 180 м
Шивец на општинската карта
Шивец во Општина Кавадарци.svg

Атарот на Шивец во рамките на општината
Commons-logo.svg Шивец на Ризницата


Шивец — село во Општина Кавадарци, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Стара напуштена куќа во селото

Селото се наоѓа во северниот дел од Општина Кавадарци, непосредно од десната страна на Црна Река.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 180 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 8 километри.[2] Селото е сместено во близина на регионалниот пат Кавадарци-Прилеп, а во непосредна близина на металуршкиот комбинат „Фени индустри“.

Атарот зафаќа простор од 8,2 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 510 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 157 хектари.[2]

Селото се наоѓа во рамница на десниот брег на Црна Река. Селото има збиен карактер. Било поделено на Горно и Долно Маало.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото било христијанско, а денешното село настанало со спуштање на селаните поради вода од Пашини Грамади на Љубеш кон крајот на XVIII век.[3]

Во XIX век, Шивец било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделска функција.[2]

Селаните биле орачи и уште во времето на Турците се ослободиле. Селаните ловеле и риба на Црна.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Шивец имало 230 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Шивец имало 272 жители.[5]

Селото е мало и населено со македонско население. Тоа, во 1961 година имало 271 жител, а во 1994 година 120 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Шивец имало 91 жител, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 230 272 253 280 271 285 228 136 120 91
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Како родови во Шивец се споменуваат:[3]

  • Старинци од старото село (Пашини Грамади): Самандовци (Долно М.) 6 к.; Недевци (Горно М.) 2 к.; Србовци (Горно М. 2 и Долно М. 2) 4 к.; Димковци (Горно М.) 3 к.; Здравевци (Горно М.) 2 к.; Јанчевци (Горно М. 2 и Долно М. 1) 3 к. и Сомовци (Долно М. 4 и Горно М. 1) 5 к..
  • Понови доселеници: Паневци (Долно М.) 1 к.; Ѓоревци (Горно М.) 1 к.; Јовановци (Горно М.) 1 к.; Милошевци (Долно М.) 1 к.; Здравевци (Долно М.) 1 к.; Марковци (Горно М.) 1 к.; Бошевци (Долно М.) 1 к.; Крстевци (Долно М.) 1 к. и Илевци (Горно М.) 1 к..

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Месна заедница

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Возарци, во која се наоѓале селата Брушани, Возарци и Шивец.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дреново, во која покрај селото Шивец се наоѓале селата Брушани, Возарци, Галиште, Грбовец, Дебреште, Добротино, Драдња, Дреново, Кесендре, Мрзен Ораовец, Праведник, Раец, Фариш и Шешково.

Главната селска црква „Св. Стефан“

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0699 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објект на општината.[9]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 82 гласачи.[10] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 73 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[12][13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 18 февруари 2018. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 372. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 18 февруари 2018 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 446-447. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  9. „Описи на ИМ“. конс. 18 февруари 2018. 
  10. „Локални избори 2017“. конс. 18 февруари 2018. 
  11. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  13. „Цркви во Маренската парохија“ (македонски). Повардарска епархија. конс. 18 февруари 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]