Крњево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Крњево
Куќи во Крњево.jpg

Улица низ селото Крњево

Крњево is located in Македонија
Крњево
Местоположба на Крњево во Македонија
Координати 41°18′27″N 22°07′36″E / 41.30750° СГШ; 22.12667° ИГД / 41.30750; 22.12667Координати: 41°18′27″N 22°07′36″E / 41.30750° СГШ; 22.12667° ИГД / 41.30750; 22.12667
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Kavadarci Municipality.svg Кавадарци
Област Бошава
Население 33[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1437
Повик. бр. 043
Надм. вис. 450 м
Слава Архангел Михаил
Commons-logo.svg Крњево на Ризницата


Крњево — село во Општина Кавадарци, во областа Бошава, во околината на градот Кавадарци.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Селото се наоѓа во западниот дел од Општина Кавадарци, во средното сливно подрачје на реката Бошава, од нејзината лева страна, а чиј атар се допира со просторот на Општина Демир Капија.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 450 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 26 километри.[2]

Има голем атар, кој зафаќа површина од 40 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 2.660 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 108 хектари.[2]

Селото се наоѓа на ниска тераса на левата и присојничава страна на реката Бошава, во подножјето на планината Кожуф. Има издолжен облик. Било поделено на Горно и Долно Маало.[3]

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Крњево било село во Рожденската нахија во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Крњево имало 131 жители, сите Македонци христијани.[4]

Крњево е мало село, коешто во 1961 година имало 280 жители, а во 1994 година 50 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Крњево имало 33 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 131 264 319 280 226 124 65 50 33
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Како родови во Крњево се споменуваат:[3]

  • Старинци: Мијајлевци (Горно М. 4, Долно М. 1) 5 к..
  • Доселеници: Таневци (Горно М.) 4 к.; Дрчевци-Габеровци (Горно М. 4, Долно М. 1) 5 к.; Кумановци-Лефковци (Горно М.) 2 к.; Стрмашевци-Јовановци (Долно М.) 2 к.; Петревци (Долно М.) 2 к.; Јаниќијовци (Долно М.) 2 к.; Бачовци (Долно М.) 3 к.; Скандевци (Горно М.) 1 к.; Луковци-Ицовци (Горно М.) 1 к.; Атанасовци-Галабовци (Горно и Долно М.) 2 к.; Настовци (Долно М.) 1 к.; Чипиндијовци (Долно М.) 1 к.; Камчевци (Долно М.) 2 к.; Гечковци (Долно М.) 1 к.; Николовци (Горно М.) 1 к.; Николиќи (Горно М.) 1 к.; Катранџијовци (Горно М.) 2 к.; турски циган Алија Паљачовски (Долно М.) 1 к..

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Објект во селото

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Конопиште.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Крњево, во која влегувале селата Барово, Горна Бошава, Долна Бошава, Крњево, Страгово и Стрмашево.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Крњево, во која покрај селото Крњево се наоѓале селата Барово, Бохула, Бунарче, Горна Бошава, Долна Бошава, Конопиште, Радња, Страгово, Стрмашево и Чемерско.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0707 според Државната изборна комисија, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница.[8]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 35 гласачи.[9] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 33 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Во селото не постои црква.[11]

Реки[12]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 14 јануари 2018. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 165. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 14 јануари 2018 г. 
  3. 3,0 3,1 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 310-312. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 156.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  8. „Описи на ИМ“. конс. 14 јануари 2018. 
  9. „Локални избори 2017“. конс. 14 јануари 2018. 
  10. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  11. „Цркви во Ваташката парохија“ (македонски). Повардарска епархија. конс. 14 јануари 2018. 
  12. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 14. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]