ОУ „Страшо Пинџур“ - Кавадарци
Страшо Пинџур | |
|---|---|
Поглед на основното училиште | |
| Место | |
| Општина: | Општина Кавадарци |
| Наречено по: | Страшо Пинџур |
| Нас. место: | Кавадарци |
| Адреса: | ул. „Димката Ангелов Габерот“, бр. 3 |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Основано: | 1956 |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
| Мреж. место | strashopindzur.edu.mk/ |
Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Кавадарци; скратено: ООУ „Страшо Пинџур“) — централно основно училиште во градот Кавадарци, Општина Кавадарци.[1]
Училиштето е именувано по македонскиот партизан Страшо Пинџур.
Историја
[уреди | уреди извор]Зградата на училиштето започнала да се гради 1939-1940 година како Нижа гимназија (позната како Старата гимназија), а изградбата била завршена во 1941 година, но не работела бидејќи во неа биле сместени војници на Кралството Југославија.
Зградата имала 10 училници, две канцеларии, два кабинета и неколку помошни простории. За време на бугарската окупација имало два класа со вкупно 67 ученика, а наставата се одвивала на бугарски јазик. Во 1945 година била преобразувана во Народна гимназија и како таква работела сè до 1956 година кога била преобразувана во основно училиште „Страшо Пинџур“.
Во состав на училиштето работат: од 1975 година посебни паралелки, од 1992 година полни подрачни училишта во Дреново и Возарци од I до IX одделение и ученички дом-интернат во Дреново, а во Марена од I до V одделение. Во училиштето од 2001/02 година работи дневен престој за сите ученици од општината.[2]
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Возарци, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Дреново, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Марена, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Зградата и училишниот двор
- Мурал на зградата на училиштето
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-08.
- ↑ „Краток историјат за училиштето и патронот“. komspi.mk. 3 март 2014. Посетено на 17 декември 2020.

