Али-паша Јанински

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Али Паша Јанински)
Али-паша Јанински
Паша на Јанина
На должноста
1788–1822
Лични податоци
Роден(а) 1740
Бечишт, Отоманско Царство (денес Албанија)
Починал(а) 1822 (на 81–82 г.)
Јанина, Отоманско Царство (денес Грција)
Народност Албанец
Вероисповед Ислам, Суфизам, Бекташи
Прекар Лав
„Arslan“ (турски: Лав)
„Лавот од Јанина“
Зграда на островот во Јанинското Езеро, во која беше убиен Али-паша Јанински. Фотографија на браќа Манаки (Јанина, 1898 година)

Али-паша Јанински ( 1741 - 5 февруари 1822) — османлиски феудалец од албанско потекло, паша на Јанина, а потоа одметник од централната османлиска власт и независен владетел. По верното подаништво на султанот Селим III, се осамостоил и се прогласил за независен владетел на Албанија, Епир и Мореја (Пелопонез) (1803), а потоа ја проширил својата власт и во Македонија, Тесалија и Грција. Поради суровоста во управувањето, влегол во народната традиција како беспримерен зулумќар. Воспоставил дипломатски врски и влегол во преговори со Наполеон, а потоа и со Англија. По двегодишна војна со султанот Махмуд II, со измама бил заробен и убиен.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Охрид и Охридско низ историјата, книга втора. Од паѓањето под османлиска власт до крајот на Првата светска војна, ИНИ, Скопје, 1978

Предлошка:Отоманско Царство-биог-никулец