Манастир „Св. Преображение“ - Дреново (Населичко)
Свето Преображение | |
---|---|
Μεταμόρφωσης του Σωτήρος | |
Фреска на непознат светец, 1652 г. | |
40°23′19.41″N 21°25′56.06″E / 40.3887250° СГШ; 21.4322389° ИГД | |
Место | Дреново, Населичко |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Завршена | 1592 |
Управа | |
Епархија | Шишанско-сачишка |
Свето Преображение (грчки: Ιερά Μονή Μεταμόρφωσης του Σωτήρος) — машки манастир кај селото Дреново, Населичко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3]
Манастирот е сместен на видно место со широк поглед на врвот на планината Садово. Се наоѓа на 3 км северозападно од Дреново. Црквата е крстовиден храм со купола, на кој подоцна му е доградена припрата. Според ктиторскиот натпис, манастирот е основан во 1592 г. Од оваа првична фаза преостануваат манастирската црква, како и северното и источното крило на манастирот. Останатите градби изгореле во пожар за време на окупацијата во 1943 г. Сегашните конаци се изградени во 1990-тите.[1]
Иконографската програма на црквата се одликува со богатство на теми, од кои преовладува онаа на Богородица. Живописот се дело на уметникот Никола од Линотопи и датират од 1652 г. Се одликуваат со висок квалитет, симетрична и подредена распореденост и внимателен избор на бои. Се забележуваат заемки од западната уметност. Ктитори биле јеромонахот Паисиј, брат му Неофит и Георгиј, син на Караманис.[1]
Од 1808 г. датираат фреските во припратата, изградена во 1805 г.,[4] изработени од зографаот Аргир Кримински од Кримин и со средства на јеромонасите Христофор и Георги од Богатско.[1][5]
На 20 март 1980 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[6]
Живопис
[уреди | уреди извор]-
Светци
-
Свети Стефан
-
Страшниот суд
-
Богородица Поширока од небесата
-
Светци
-
Свети Кирил
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Πέτκος, Αντώνιος, Μαρία Τσιάπαλη. „архивски примерок“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Архивирано од изворникот на 2014-05-18. Посетено на 17 мај 2014. Занемарен непознатиот параметар
|заглавие=
(help) - ↑ „Ιερά Μονή Μεταμορφώσεως του Σωτήρος (Αη Σωτήρα), Δρυόβουνο Κοζάνης“. Greek Orthodox Religious Tourism. Посетено на 23 октомври 2016.
- ↑ „Εκκλησίες Κοζάνης“. Δυτική Μακεδονία: Μνημεία, παράδοση, εκδρομές, δραστηριότητες. Архивирано од изворникот на 2018-02-18. Посетено на 17 февруари 2018.
- ↑ „Η ΝΕΑΠΟΛΗ“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2015-01-02. Посетено на 2 јануари 2015.
- ↑ Δρακοπούλου, Ευγενία (2010). Έλληνες ζωγράφοι μετά την Άλωση (1450-1850), τόμος 3, Αβέρκιος - Ιωσήφ (Συμπληρώσεις-Διορθώσεις) (грчки). Αθήνα: Ινστιτούτο Νεοελληνικών Ερευνών / Εθνικό Ίδρυμα Ερευνών. стр. 171. ISBN 978-960-7916-94-5. Архивирано од изворникот на 2021-10-29. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ „ΥΑ ΥΠΠΕ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/57388/2192/17-11-1979 - ΦΕΚ 281/Β/20-3-1980“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 26 декември 2014.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Манастир „Св. Преображение“ - Дреново (Населичко) на Ризницата ?