Паскал Митревски

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Паскал Митровски)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Паскал Митревски
Роден 14 февруари 1912
село Чука, Костурско
Починал 10 февруари 1978
Скопје
Познат партизан

Паскал Митревски (14 февруари 1912 - 10 февруари 1978) е македонски комунист и национален деец од Егејска Македонија, борец за националните права на Македонците во Грција. За време на Грчката граѓанска војна е министер за снабдување во Привремената демократска влада на Грција.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во село Чука, Костурско, а живеел во гратчето Хрупишча. Член е на КПГ од пред Втората светска војна, по професија адвокат.

На 16 јуни 1943 година Митревски стапил во редовите на Грчката народноослободителна војска (ЕЛАС). Од јули до декември 1943 година е командант на специјална македонска партизанска единица во Костурско. Од декември 1943 година e секретар на СНОФ за Костурско. На 3 декември 1944 година е секретар на Политичката комисија на Македонците во Егејска Македонија. Од 23 април 1945 до ноември 1946 година е секретар на Главниот одбор на Народноослободителниот фронт (НОФ), а потоа станува член на Покраинскиот комитет на КПГ за Македонија. Од јануари 1948 година бил секретар и претседател на НОФ, а од 2 април 1949 година e министер за снабдување во Привремената демократска влада на Грција, како претставник на НОФ.[1]

По поразот на ДАГ во Граѓанската војна, на 3 октомври 1949 година Митревски е уапсен како „Титов агент“ и е затворен во логор во Албанија. Префрлен е во Москва, каде во текот на 1952 година е осуден од Врховниот суд на СССР на 25 години затвор. Но, пролетта 1956 година е ослободен, а следната година му е поништена казната.

Во текот на 1957 година заминува за Југославија. На 26 јуни 1963 година е избран за судија на новоформираниот Уставен суд на Македонија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристо Кирјазовски (ур.), „КПГ и македонското национално прашање 1918-1974“, Архив на Македонија, Скопје, 1982, 457 стр.
  2. Службен весник на СРМ, 26/63, 1 стр.

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]