Преспа (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Голема Преспа)
Прејди на: содржини, барај
Општина Преспа
Δήμος Πρεσπών
Dimos Prespon - West Macedonia.svg
Општина Преспа
на картата на Западна Македонија
German-old-houses.jpg
Стари куќи во с. Герман
Податоци
Област: Западна Македонија
Округ: Лерин
Гео. област: Долна Преспа
Население: 5.105 (2001)
Админ. центар: Р’мби
Нас. места: 20
Пошт. број: 530 77
Пов. број: 23850-51
Портал: prespes.gr

Преспа (грчки: Δήμος Πρεσπών, Димос Преспон) — општина в западниот дел Егејска Македонија, денес во Грција. На север се граничи со Општина Ресен (Р. Македонија), на запад со областа Горица (Албанија), а на југ и запад со окрузите Костур и Лерин. Административен центар е селото Р’мби (денес Лемос).

Населени места[уреди | уреди извор]

Општината Преспа е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на две стари административни единици — општината Преспа и општинската целина Смрдеш. Важи за планинска општина.[1]

Општинска единица Преспа[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Преспа е сместена на територијата на историско-географската област Голема Преспа (дел од Долна Преспа), која во Грција денес се нарекува само Преспа (Πρέσπες, Преспес). Општината во 2001 г. имала 1.851 жители и во неа влегуваат следниве општински оддели и населени места:

Поранешната општина Преспа на картата на некогашниот округ Лерин.
Писодер во периодот од 1903 до 1912 г.
  • Општински оддел Р’мби (300 жители)
  • село Р’мби (Λαιμός, Лемос) (299 жители)
  • село Медово (Μηλιώνα, Милиона) (1 жител)
  • Општински оддел Ахил (144 жители)
  • село Ахил (Άγιος Αχίλλειος, Агиос Ахилиос) (28 жители)
  • село Винени (Πύλη, Пили) (116 жители)
  • Општински оддел Герман
  • село Герман (Άγιος Γερμανός, Агиос Германос) (231 жители)
  • Општински оддел Гражден
  • село Гражден (Βροντερό, Врондеро) (183 жители)
  • Општински оддел Желево (165 жители)
  • село Желево (Ανταρτικό, Андартико) (135 жители)
  • село Ошчима (Τρίγωνο) (30 жители)
  • Општински оддел Л’нки
  • село Л’нки (Л’нги; Μικρολίμνη, Микролимни) (71 жители)
  • Општински оддел Нивици
  • село Нивици (Ψαράδες, Псарадес) (158 жители)
  • Општински оддел Оровник (94 жители)
  • Општински оддел Писодер
  • село Писодер (Πισοδέρι, Писодери) (68 жители)
  • Општински оддел П’пли
  • село П’пли (Λευκώνας, Левконас) (155 жители)
  • Општински оддел Рудари
  • село Рудари (Καλλιθέα, Калитеја) (160 жители)
  • Општински оддел Трново
  • село Трново (Трнава; Πράσινο, Прасино) (14 жители)
  • Општински оддел Штрково

На територијата на општинската единица има и неколку села кои денес немаат постојано население или се во рушевини:

Општинска единица Смрдеш[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Смрдеш на картата на некогашниот округ Лерин.

Општинската единица опфаќа три села од областа Корешта, кои традиционално се сметаат за костурски, а не лерински. Според пописот од 2001 г., општината Смрдеш (Κοινότητα Κρυσταλλοπηγής) со седиште во с. Смрдеш (Кристалопиги) има 660 жители.

  • Општински оддел Смрдеш
  • село Смрдеш (Κρυσταλλοπηγή, Кристалопиги) (573 жители)
  • Општински оддел Брезница
  • село Брезница (Βατοχώρι, Ватохори) (34 жители)
  • Општински оддел Рулја
  • село Рулја (Κώτας, Котас) (53 жители)

На територијата на општинската единица се наоѓа и селото В’мбел (Мосхохори), което административно се води како дел од Смрдеш.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]