Ахил (село)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ахил
Άγιος Αχίλλειος
Поглед на куќи на островот од понтонскиот мост
Поглед на куќи на островот од понтонскиот мост
Ахил се наоѓа во Грција
Ахил
Координати: 40°47′ СГШ 21°04′ ИГД / 
Земја Грција
Област Западна Македонија
Округ Лерин
Општина Преспа
Општ. единица Преспа
Надм. вис. 960 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно 21
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Самоиловата базилика „Свети Ахил“.
Саркофазите на царевите Самоил, Гаврил Радомир и Јован Владислав

Ахил или Аил — (грчки: Άγιος Αχίλλειος, Агиос Ахилиос) — преспанско село во Леринско, Егејска Македонија, денес дел од општината Преспа. на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 21 жител (2011), сите Македонци.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на истоимениот остров Свети Ахил (или само Ахил) во Малото Преспанско Езеро, поврзан со брегот со понтонски мост. Оддалечено е 50 км западно од градот Лерин и лежи на надморска височина од 960 м.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Среден век[уреди | уреди извор]

На островот се наоѓаат остатоците од средновековниот град Преспа со базиликата „Свети Ахил“ во која е погребан Цар Самоил.

Османлиско време[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ахил (Ahil) било мало рибарско село во Ресенската каза со 13 домаќинства и вкупно 36 жители Македонци.[3][4] Во истиот период, Милош Милоевиќ во своите патописни поиси завел 13 македонски[5] куќи.[2] Според Стефан Верковиќ во 1889 г. Ахил имал 17 домаќинства со вкупно 74 жители, сите Македонци.[3][6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 60 жители, сите Македонци.[7] Целото село било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Ахил живееле 24 Македонци.[3][8]

Населбата немала услови за пораст поради ограничениот простор на островот, но и тешките услови за живот. Населението претежно се занимавало со рибарство, а многу малку со земјоделство.[2]

Припојување кон Грција[уреди | уреди извор]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 92 жители.[2] По време на Грчката граѓанска војна селото наполно настрадало, и затоа целото население се иселило. Поголем дел од жителите се преселиле во Р. Македонија и источноевропските земји, а дел се вратил назад.[2]

Според испитување спроведено во 1993 г. македонскиот јазик во Ахил во зачуван на средно ниво.[9]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 100 34 38 39 31 31 28 21
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Преспа со седиште во Р’мби, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ахил, во кој спаѓа и селото Винени.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. http://www.statistics.gr/documents/20181/1210503/resident_population_census2011rev.xls. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 140. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 88-89.
  5. нарекувајќи ги „српски
  6. Стефан Веркович. „Топографическо-этнографический очерк Македонии“. СПб, 1889.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 242.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 170-171.
  9. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"