Медово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Медово
Μηλιώνα
Медово се наоѓа во Грција
Медово
Координати: 40°49′ СГШ 21°08′ ИГД / 
Земја Грција
Област Западна Македонија
Округ Лерин
Општина Преспа
Општ. единица Преспа
Надм. вис. 880 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно 2
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)

Медово (грчки: Μηλιώνα, Милиона или Μηλεών, Милеон; до 1926 г. Μέδοβο, Медово[2]) — преспанско село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 2 житела (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа 40 км северозападно од Лерин, на подножјето на планината Бела Вода недалеку од Малото Преспанско Езеро, на надморска височина од 880 м.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Медово (Médovo) било село во Ресенската каза сo 15 домаќинства и вкупно 40 жители Македонци.[4][5] Во истиот период, во својот патописен попис, Милош Милоевиќ го завел селото со 20 македонски[6] куќи.

На почетокот на XX век Медово е заведено како чисто македонско село во Битолската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в селото живееле 100 Македонци христијани.[3][7] По Илинденското востание во 1904 г. целото село преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[8] Податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) вела дека во 1905 г. во Медово има 120 Македонци[4].[9]

В първите дни на април 1908 година властта претърсва селото, като обиските са съпроводени с изтезния и насилие.[10]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 130 жители.[3] Во 1926 г. името му е сменето во Милионас.[11] Во 1928 г. државната статистика бележи 161 жител.[3]

Во 1949 г. целото население го напуштило селото поради борбите во Граѓанската војна. Дел од жителите се преселиле во Р. Македонија, а други заминале во источноевропските земји. Така, од 209 жители во 1940, Медово се свело на село без жители во 1951 г.[3] Подоцна, малубројните преостанати семејства кои биле засолнети во внатрешноста на земјата добиле дозвола да се вратат во селото. Воедно дошле и две доселенички семејства.[3] Така, во пописот од 1961 г. се заведени 107 жители, но поради масовното отселување во прекуокеанските земји во 1971 г. нивниот број опаднал на 47 и продолжил да се намалува.[3]

Во 1925 г. во Медово е изградена црквата „Свети Никола“.[12]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 209 0 107 47 27 2 1 2
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Преспа со седиште во Р’мби, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Р’мби, во кој спаѓа и селото Р’мби.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. http://www.statistics.gr/documents/20181/1210503/resident_population_census2011rev.xls. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μέδοβον - Μηλιώνας
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 162. 
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 88-89.
  6. нарекувајќи ги „српски
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 242.
  8. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125.
  9. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 170-171.
  10. Одрински глас, брой 15, 20 април 1908, стр. 4.
  11. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  12. „Πλατύ“. Δήμος Πρεσπών. http://www.prespes.gr/index.php?option=com_content&view=article&id=118&Itemid=517.