Л’нки

Координати: 40°44.44′N 21°6.56′E / 40.74067° СГШ; 21.10933° ИГД / 40.74067; 21.10933
Од Википедија — слободната енциклопедија
Л’нки
Πύλη
Црквата „Св. Атанасиј“
Црквата „Св. Атанасиј“
Л’нки is located in Грција
Л’нки
Л’нки
Местоположба во областа
Л’нки во рамките на Преспа (општина)
Л’нки
Местоположба на Л’нки во Леринскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°44.44′N 21°6.56′E / 40.74067° СГШ; 21.10933° ИГД / 40.74067; 21.10933
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаПреспа
Општ. единицаПреспа
Надм. вис.&10000000000000850000000850 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно46
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поглед на островот Видринец од брегот на Л’нки.

Л‘нки или Л’нги (без дијалектна носовка: Л’ки или Л’к/Л’г), познато и како Лок (грчки: Μικρολίμνη, Микролимни, до 1928 г. Λάγκα, Лага[2]) — село во Преспанско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 46 жители (2011), кои и денес се исклучиво Македонци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на источниот брег на Малото Преспанско Езеро, во подножјето на планината Корбец, односно Богданица и Гуменџа.[3]

Топонимија[уреди | уреди извор]

Ова е список на позначајните топоними во Л’нки и неговата околина:[4]

Бушкани, Врба, Горбец, Глуваро, Граиште, Дупките, Елевчињата, Зиморчето, Ливадје, Лочица, Малоа Ливаичка, Меризо, Меркурија, Присо, Света Петка, Селце и Слого.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XV век во Л’нка по име се запишани 68 глави на домаќинствата.[5]

Постарата црква „Св. Петка“, која е вон самото село, е изградена во XVIII век,[6] додека пак централно поставената „Св. Атанасиј“ е подигната многу подоцна, во 1908 г.[7] Во атарот на селото спаѓа и островот Видринец со неговата Видринечка црква (ΧIII - XIV век), денес во урнатини.

Во XIX век е забележано дека Л’нки било чисто македонско село во Битолската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лаш (Lach) бил осело во Ресенската каза со 15 домаќинства од вкупно 42 жители Македонци.[8][9] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото се состоело од 150 Македонци христијани.[8][10]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лак се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 25 куќи.[11]

По Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[12] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Л’к (Lak) имало 120 Македонци, сите под егзархијата.[8][13] Нешто подоцна Боривое Милоевиќ завел дека Л’к имал 25 македонски куќи.[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. Л’нки е припоено кон Грција, кога населението броело 203 жители.[3] Во 1920 г. во селото се попишани 202 лица, а во 1928 г. се заведени 360 жители, бидејќи тука било вбројано и соседното Дреново.[3] Истата година властите го преименувале во Микролимни, што е грчки превод на името на езерото (букв. Мало Езеро).[14] Во периодот меѓу двете светски војни, 29 лица од Л’нки се иселиле во прекуокеанските земји, а некои ги повлекле и семејствата. Сепак, во 1940 г. забележано е дека населението пораснало на 316 жители.[3]

Селото многу настрадало во Грчката граѓанска војна, поради што 70 семејства и поединци морале да се иселат во Р Македонија и источноевропските земји.[3] Оттука, според пописот во 1951 г. во Л’нки останале само 96 жители, чиј број во 1961 г. се накачил на 149, за да падне на 114 во 1971 и 71 во 1981 г. На пописот од 1991 г. населението се зголемило на 92 жители,[3] но во следните десетлетија продолжило да опаѓа — на 71 во 2001 и 46 во 2011 г.

Во државно истражување од 1993 г. е утврдено дека селото било чисто „славофонско“, т.е. македонско.[15]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 316 96 149 114 71 92 71 46
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λάγκα - Μικρολίμνη
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 161.
  4. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 391. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  5. Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989.
  6. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/26378/758/12-7-1996 - ΦΕΚ 756/Β/27-8-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-18. Посетено на 27 декември 2014.
  7. Evyenidou, Despina. Ioannis Kanonidis, Thanasis Papazotos. The Monuments of Prespa, Archaeological Receipts Fund, 1991, стр.87
  8. 8,0 8,1 8,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  9. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 88-89.
  10. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 242.
  11. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
  12. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125.
  13. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 170-171.
  14. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  15. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"

Надворешни врски[уреди | уреди извор]