Видринец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Видринец
St.Ahil from Langi.JPG
Поглед на Видринец од с. Л’нки
Географија
Координати40°45′20″N 21°6′14″E / 40.75556°СГШ 21.10389°ИГД / 40.75556; 21.10389Координати: 40°45′20″N 21°6′14″E / 40.75556°СГШ 21.10389°ИГД / 40.75556; 21.10389
Придружни водни површиниМало Преспанско Езеро
Површина0,03 км2
Управување
ОбластГолема Преспа
ОкругЛерински
ОпштинаПреспа
Демографија
Населениененаселен
Поглед на Видринец (лево) и Свети Ахил (десно) во Малото Преспанско Езеро.

Видринец (грчки: Βιδρονήσι; Видрониси) — мал остров во областа Голема Преспа, Егејска Македонија. Сместен е во Малото Преспанско Езеро, денес во состав на општината Преспа на Леринскиот округ, Грција.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Острвоот е ненаселен и се наоѓа околу еден километар од брегот на с. Л’нки. Недалеку од него, посеверно во езерото, се наоѓа доста поголемиот и попознатиот остров Свети Ахил. На Видринец има една мала напуштена црква, а целиот остров зафаќа 3 хектари.[1]

Клима[уреди | уреди извор]

Климата е умерена. Просечната годишна температура е 10 °C. Најтопол месец е јули, со просечна температура од 22 °C, а најстуден е јануари, со -2 °C.[2] Просечната годишна количина на врнежи изнесува 1.001 мм. Највеќе врнежи има во февруари, со просек од 114 мм, а најсув е август, со 33 мм.[3]

Птици[уреди | уреди извор]

На островот се гнездат птици од разни видови, кои се единствените негови жители. Често можат да се видат јата корморани и пеликани, својствени за целиот преспански крај.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Trip to the Small and Big Prespa". limneon. 2 мај 2017. конс. 2 мај 2017. 
  2. "NASA Earth Observations Data Set Index". NASA. конс. 30 јануари 2016. 
  3. "NASA Earth Observations: Rainfall (1 month - TRMM)". NASA/Tropical Rainfall Monitoring Mission. конс. 30. 1. 2016. 
  4. "Vidronisi, Small Prespa Lake - Inhabited only by birds". greecewithin. 6 септември 2006. конс. 2 мај 2017.