Драгумица

Координати: 40°45.32′N 21°03.39′E / 40.75533° СГШ; 21.05650° ИГД / 40.75533; 21.05650
Од Википедија — слободната енциклопедија
Драгумица
Драгумица is located in Грција
Драгумица
Драгумица
Местоположба во областа
Драгумица во рамките на Преспа (општина)
Драгумица
Местоположба на Драгумица во општината Преспа и областа Западна Македонија
Координати: 40°45.32′N 21°03.39′E / 40.75533° СГШ; 21.05650° ИГД / 40.75533; 21.05650
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаПреспа
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Драгумица — некогашно село во Преспанско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Преспа, Западна Македонија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото било мала македонска населба на западниот брег на Малото Преспанско Езеро. Лежело на 2 км југоисточно од Винени, и на околу 1 км северозападно од Дробитишта. Низ селото течел поток кој пресушувал во преку летото.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото било населено барем од средниот век, за што сведочат наодите од керамички и бакарни предмети најдени од селаните.[1] Драгумица настрадала од надојдената вода на езерото и неговото население конечно го напуштило во првата половина од XIX век. На ова подрачје стои само црквата „Св. Ѓорѓија“ во корија на стари дабови, чија старист е непозната, но се претпоставува дека е од крајот на XIX век. Во нејзина близина биле и селските гробишта.[1]

Се смета дека жителите на Драгумица го основале селото Дробитишта.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 385–388. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 151. ISBN 9989-9819-6-5.