Оштима

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Оштима
Τρίγωνο
Оштима is located in Грција
Оштима
Оштима
Координати: 40°44.46′N 21°12.2′E / 40.74100° СГШ; 21.2033° ИГД / 40.74100; 21.2033Координати: 40°44.46′N 21°12.2′E / 40.74100° СГШ; 21.2033° ИГД / 40.74100; 21.2033
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински округ
ОпштинаПреспа
Општ. единицаПреспа
Надм. вис.&100000000000010200000001.020 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно29
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)


Ошчима (дијалектно: Ошчима или Осчима; грчки: Τρίγωνο, Тригоно; до 1927 г. Όστιμα, Остима[2]) — село во Долна Преспа, Егејска Македонија, денес во општината Преспа од Леринскиот округ на Западна Македонија, Грција. Сместено е во областа Корешта, меѓу градовите Лерин и Костур. Во 2011 г. населението броело 29 жители.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа блиску до изворот на реката Бистрица во североисточниот дел на Егејска Македонија. Лежи на надморска височина од 1 020 м, помеѓу планините Бигла на север, Гомнуш на исток и Локма и Боданца на запад.

Историја[уреди | уреди извор]

Се смета дека првите жители на Оштима се доселиле од другите делови на Македонија. Не се знае колку точно е старо селото, но првите сознанија за најстарите семејства се од XVIII век. До почетокот на XIX век во селото имало 36 семејства (околу 200 жители).

Предание[уреди | уреди извор]

Според едно предание, на Велигден селото Оштима било нападнато од разбојничка банда која го опколила селото, го запалила и оставила многу мртви зад себе. Преживеаните селани се сокриле под една карпа во поблиската шума. Тие останале цел ден под карпата и се молеле за своите животи, што според легендата им дало нова храброст и сила да продолжат да живеат во селото. И така карпата станал симбол на храброста на оштимјаните.

Име[уреди | уреди извор]

Според друго предание селото повторно било нападнато од разбојничка банда и кога бандата се враќала од опустошеното село сретнала друга банда на патот и ја посоветувала да го ограби селото со зборвоите „ошче има“, па така богатото село станало познато како Ошчима или Осчима.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]