Рулја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рулја
Κώτας
Поглед на Рулја од патот Костур - Лерин
Поглед на Рулја од патот Костур - Лерин
Рулја се наоѓа во Грција
Рулја
Координати: 40°41′ СГШ 21°10′ ИГД / 
Земја Грција
Област Западна Македонија
Округ Лерин
Општина Преспа
Општ. единица Смрдеш
Надм. вис. 890 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно 22
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Стато и Веселина Козарови од Рулја со децата

Рулја (грчки: Κώτας, Котас, до 1927 г. Ρούλια, Рулја;[2] до 1932 г. Κατωχώρι, Катохори[3]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 22 жители (2011) и до денес е сочинето исклучиво од Македонци.[4]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 38 км југозападно од Лерин и на 30 км северно од Костур, во областа Корешта. Лежи во подножјето на планината Корбец, на надморска височина од 890 м.[4] Рулја е на десниот брег на Рулска Река, лева притока на Бистрица.

Историја[уреди | уреди извор]

Османлиско време[уреди | уреди извор]

Селото првпат се споменува во османлиски тефтер од 1530 г. под името Хровилја со 25 семејства.[5]. Според преданијата, селото изворно било сместено во месноста Горно Село, на самиот пат Лерин - Горица. Како крапатно место, страдало од османлиските војски што минувале по патот и го опустошувале, па затоа населението се преместило околу рушевините на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“. Во 1865 г. во Рулја е изградена црквата „Св. Богородица“ и е отворено народно училиште.[6].

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Рулја (Rulia), во Костурската каза, имало 36 доаќинства со 100 жители Македонци.[7][8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Рулја имала 500 жители Македонци.[4][7][9] На почетокот од XX век целото население било под врховенството она Цариградската патријаршија. Според грчки извор, во селото имало 70-90 семејства. По Илинденското востание на почетокот на 1904 г. селото преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[10] Истата година турските власти му забраниле на учителот Л. Поповски от Д’мбени да отвори народно училиште во селото[11] По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Рулја има 600 Македонци[7] под езаргхијата и работи бугарско училиште.[12] Според Георги Константинов Бистрицки, Рулја пред Првата балканска војна имала 75 куќи, сите Македонски.[7][13]

За време на Илинденско востание во 1903 г. во Рулја се организирале две чети на ВМОРО: селската со 37 четници, раководена од кметот Ставре и четата на Коте Христов со 169 четници, која се распуштила во 1904 г. поради преминувањето на Коте Христов на страна на грчка вооружена пропаганда[14]

Во првите денови од април 1908 г. власта извршила рација селото, притоа спроведувајќи го претресот со мачење и насилства.[15]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Со Букурешкиот договор селото е припоено кон дрчката држава, кога имало 572 жители.[4] Грчкит еединици го нападнале бугарското училиште и му ја одзеле сета училишна документација. Мештаните Л. Делов и Н. Лазаров биле уапсени под обвинание за пробугарско агитирање[16]. Во 1927 г. селото е преименувано во Катохорион, а во 1932 г. г добива името Котас, во чест на андартот Коте Христов.

Во 1995 г. во Рулја е отворен музејот „Капетан Коте“ во неговата родната куќа.

Население[уреди | уреди извор]

Населението на Рулја постојано опаѓа, уште од нејзиното потпаѓање под грчка власт. Ова се должи на големото иселување на населението во прекуокеанските земји низ децениите.[4] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 586 210 182 99 59 49 53 22
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Смрдеш со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Рулја, каде е единственото населено место.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото важи за доста сиромашно. Се произведуваат жито, грав, јаболка и компири.[4]

Личности[уреди | уреди извор]

Биста на Коте Христов, цеец на ВМРО кој преминал на грчка страна и станал андартски капетан.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. http://www.statistics.gr/documents/20181/1210503/resident_population_census2011rev.xls. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ρούλια - Κατωχώρι
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάτω Χωρίον - Κώττας
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 173-174. 
  5. Harun Yeni,Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 114
  6. Тзавелла, Христофор. Кръстникът на първите войводи на ВМОРО и ВМОК отец Търпо Поповски, Македония Прес, София, 2003, стр. 100
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  8. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.108-109.
  9. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266.
  10. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125.
  11. Райчевски, Стоян. 1904 – 1906 Гоненията на българите в Македония и Одринско. София, 2011, стр. 34 – 36.
  12. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
  13. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр.6.
  14. Тзавелла, Христофор. Кръстникът на първите войводи на ВМОРО и ВМОК отец Търпо Поповски, Македония Прес, София, 2003, стр. 99
  15. Одрински глас, брой 15, 20 април 1908, стр. 4.
  16. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.175, 183
  17. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 62.