Дреново (Преспа)
Дреново Κρανιές | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°43′N 21°06′E / 40.717° СГШ; 21.100° ИГДКоординати: 40°43′N 21°06′E / 40.717° СГШ; 21.100° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерин |
Општина | Преспа |
Општ. единица | Л’нки |
Надм. вис. | 880 м |
Население (1961) | |
• Вкупно | отпишано |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Дреново (грчки: Κρανιές, Краниес, до 1926 Δρένοβο, Дреново[1]) — раселено село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Преспа, во областа Западна Македонија. Со пописот од 1961 година селото е избришано од официјалната евиденција[2].
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Дреново е сместено на југоисточниот брег на Малото Преспанско Езеро, во непосредна близина на селото Л’нки. Селото се наоѓа на надморска висина од 880 м. На источната страна на селото се наоѓа планината Голина (дел од планината Врба).
Топонимија[уреди | уреди извор]
Ова се позначајните топоними во атарот на Дреново:[3]
Веља, Водици, Врба, Гамила, Главките, Голина, Гонецо, Горбец, Горна Лачица, Горна Липица, Гривите, Ѓуро Кошара, Докша, Долна Лачица, Долна Липица, Дреново, Дреновско, Изворо, Капеница, Козјак, Кокоша Нива, Лазоите, Љубражда, Мали Ор, Мало Езеро, Орејчината, Осоо, Присоо, Ресата, Рид, Свети Илија, Странгите, Стрежоо, Умарица, Филаќето, Школото.
Историја[уреди | уреди извор]
Селото целосно настрадало во Грчката граѓанска војна при што 28 семејства со 152 души пребегнале во Република Македонија и останатите источноевропски земји, а на преостанатите 27 души не можеле да се вратат во селото бидејќи властите забраниле обнова на селото, па се населиле во соседното село Л’нки[2].
Демографија[уреди | уреди извор]
На почетокот на XX век според К’нчов селото броело 70 жители, а Милоевиќ наведува 15 македонски куќи. Меѓу двете светски војни од селото 8 лица емигрирале во прекуокенските земји, 1 лице во Бугарија и 2 во Албанија. Движењето на населениото по години е следното[2]:
- 1913 - 124 жители
- 1920 - 115 жители
- 1928 - заведени под Л’нки
- 1940 - 150 жители
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δρένοβο - Κρανιές
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје. стр. 151.
- ↑ Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа : местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 379–380. ISBN 978-9989-2117-6-8.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|