Нивици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нивици
Ψαράδες
Поглед на Нивици
Поглед на Нивици
Нивици се наоѓа во Грција
Нивици
Координати: 40°49′ СГШ 21°01′ ИГД / 
Земја Грција
Област Западна Македонија
Округ Лерин
Општина Преспа
Општ. единица Преспа
Надм. вис. 860 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно 83
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Извадок од говор на маж од с. Нивици, Мала Преспа, раскажан месниот долнопреспански дијалект.

Проблеми со пуштањето? Помош.

Нивицисело во Преспанско, Егејска Македонија, денес дел од општината Преспа. на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои жители (2011), сите Македонци.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во најјужниот дел на големото Преспанско Езеро, на подножјето од продолжетокот на Галичица, наречен Сува Гора, на надморска височина од 860 м.[2] Во близина е тромеѓата на денешна Грција со Р. Македонија и Албанија. Нивици е сместено на полуостров, кој самиот има долг тесен залив, крај кој лежи селото. Атарот зафаќа 16 км2.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Пештерната црква „Св. Преображение“ кај Нивици

Селото првпат се спомнува во XV век.[3]

Селската врква „Успение на Пресвета Богородица“ датира од XIX век и има статус на заштитено културно добро.[4]

Вo „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Нивици (Nivitzi) било село во Ресенската каза со 30 домакинства и 92 жители Македонци.[5][6] Во истиот период, според патописните пописи на Милош Милоевиќ, во селото имало 93 македонски[7] куќи.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в Нивица било село во Битолската каза со 200 жители, сите Македонци христијани.[5][8] По Илинденското востание во 1904 г. целото село преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[9] По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Нивици (Nivitsi) имало 528 Македонци.[5][10] Црквата „Пресвета Богородица“ е изградена во 1893 г.[11]

Според Ѓорѓи Трајчев, во 1911/1912 г. во Нивици имало 72 куќи со вкупно 696 жители, црква со 2 свештаници училиште со еден учител.[12]

Пештерната црква „Пресвета Богородица Елеуса“ од 1373 г.
Куќи во Нивици

Со Букурешкиот договор во 1913 г. Нивици е припоено кон грчката држава, кога имало 674 жители.[2] Во 1927 г. грчките власти го преименувало во Псарадес.[13] Во 1928 г. во државниот попис се заведени 585 жители.[2]

Селото настрадало во Граѓанската војна кога дел од жителите се преселиле во Р. Македонија, но селото сепак не се растурило.[2] На 25 и 26 март 1949 г. во Нивици е одржан Вториот конгрес на НОФ. Сепак, намалувањето на населението продолжило и понатаму, особено поради големото иселување во прекуокеанските земји и поголемите градски центри.[2]

Во истражувањето спроведено во 1993 г. е утврдено дека селото е чисто „славофонско“ и дека македонскиот јазик во него е зачуван на средно ниво.[14]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 770 433 430 247 167 144 158 83
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Преспа со седиште во Р’мби, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Нивици, во кој спаѓа и селото Винени.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главно занимање на мештаните е риболовот. Се ловат големи количества риба (Симовски споменува 500 тони)[2] и постои рибарска задруга.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. http://www.statistics.gr/documents/20181/1210503/resident_population_census2011rev.xls. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 165-166. 
  3. Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/3733/80/20-2-1987 - ΦΕΚ 281/Β/9-6-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. http://listedmonuments.culture.gr/fek.php?ID_FEKYA=8940&v17=. 
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 88-89.
  7. нарекувајќи ги „српски
  8. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 242.
  9. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125.
  10. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 170-171.
  11. Македонски Алманах, издава Ц.К. на МПО, редактор Петър Ацев, издание на "The Macedonian Tribune", Indianapolis, 1940, стр. 42.
  12. Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, в: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр.212.
  13. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  14. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"