Прејди на содржината

Преспа (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Општина Преспа)
Општина Преспа
Δήμος Πρεσπών

Карта на општина Преспа

Стари куќи во с. Герман
Податоци
Област: Западна Македонија
Округ: Лерин
Гео. област: Долна Преспа
Население: 2.180 (2021)
Седиште: Р’мби
Нас. места: 20
Пошт. бр.: 530 77
Пов. бр.: 23850-51
Портал: prespes.gr

Преспа (грчки: Δήμος Πρεσπών, Димос Преспон) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Зафаќа површина од 514.8 km². На север се граничи со Општина Ресен (Р Македонија), на запад со областа Горица (Албанија), а на југ и запад со окрузите Костур и Лерин. Административен центар е селото Р’мби (денес Лемос).

Население

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2021 година, општината имала 1,211 жители, со густина на населеност од 2.353/km². При споредба на пописите од 2011 и 2021, населението во општината има негативен тренд, односно опаднало за -2.4%.[1]

Во однос на државјанство, според пописот од 2011 година 1,376 (88.2%) граѓани имале грчко државјанство, 5 граѓани имале државјанство на некои од земјите на Европската Унија и 179 граѓани имале државјанство на друга држава.[2]

Место на раѓање (2011)
Категорија Жители Проценти
Во истата општина 956 61,3%
Во друга општина, но во истиот округ 52 3.3%
Во друг округ 298 19.1%
Во друга држава 254 16.3%

Населени места

[уреди | уреди извор]
Карта на Општина Преспа

Општината Преспа е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на две стари административни единици — општината Преспа и општинската целина Смрдеш. Важи за планинска општина.[3]

Општинска единица Преспа

[уреди | уреди извор]

Општинската единица Преспа е сместена на територијата на историско-географската област Голема Преспа (дел од Долна Преспа), која во Грција денес се нарекува само Преспа (Πρέσπες, Преспес). Во неа влегуваат следниве општински оддели и населени места:

Поранешната општина Преспа на картата на некогашниот округ Лерин.
Песодер во периодот од 1903 до 1912 г.
  • Општински оддел Р’мби
  • село Р’мби (Р’би, Раби или Роби; Λαιμός, Лемос)
  • село Медово (Μηλιώνα, Милиона)
  • Општински оддел Ахил
  • село Ахил (Άγιος Αχίλλειος, Агиос Ахилиос)
  • село Винени (Πύλη, Пили)
  • Општински оддел Герман
  • село Герман (Άγιος Γερμανός, Агиос Германос)
  • Општински оддел Граждано
  • село Граждано (или Граждено; Βροντερό, Врондеро)
  • Општински оддел Желево
  • село Желево (Ανταρτικό, Андартико)
  • село Оштима (Ошчима или Осчима; Τρίγωνο)
  • Општински оддел Л’нки
  • село Л’нки (Л’нги, Л’к или Лок; Μικρολίμνη, Микролимни)
  • Општински оддел Нивици
  • Општински оддел Оровник
  • Општински оддел Песодер
  • село Песодер (или Писодер; Πισοδέρι, Писодери)
  • Општински оддел П’пли
  • село П’пли (Λευκώνας, Левконас)
  • Општински оддел Рудари
  • Општински оддел Трново
  • село Трново (Трнаа или Трнава; Πράσινο, Прасино)
  • Општински оддел Штрково
Етничка карта на Општина Преспа

На територијата на општинската единица има и неколку села кои денес немаат постојано население или се во рушевини:

Општинска единица Смрдеш

[уреди | уреди извор]
Поранешната општина Смрдеш на картата на некогашниот округ Лерин.

Општинската единица опфаќа три села од областа Корешта, кои традиционално се сметаат за костурски, а не лерински. Општинската единица Смрдеш е со седиште во с. Смрдеш (Кристалопиги).

  • Општински оддел Смрдеш
  • село Смрдеш (Κρυσταλλοπηγή, Кристалопиги)
  • Општински оддел Брезница
  • Општински оддел Рулја

На територијата на општинската единица се наоѓало и иселеното село В’мбел (Мосхохори), кое административно се води како дел од Смрдеш.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Αποτελέσματα απογραφής πληθυσμού - κατοικιών 2021. Ελληνική Στατιστική Αρχή. 2021.
  2. „Δημογραφικά χαρακτηριστικά / 2011“.
  3. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]