Орово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Орово
Πυξός
Орово is located in Грција
Орово
Орово
Местоположба во областа
Dimos Prespon - Florina prefecture, Greece - political map - municipality level.svg
Координати: 40°45′N 21°00′E / 40.750° СГШ; 21.000° ИГД / 40.750; 21.000Координати: 40°45′N 21°00′E / 40.750° СГШ; 21.000° ИГД / 40.750; 21.000
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
Надм. вис.&100000000000010800000001.080 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно3.727
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Рег. таб.ΡΑ

Орово (или Рахово, грчки: Πυξός, Пиксос) — село во крајниот северозападен дел на Егејска Македонија, во реонот на Општина Преспа. До 1949 г. било населено исклучиво со Македонци. Сместено е на 1080 метри надморска височина близу до самата грчко-македонска граница[2].

Историја и население[уреди | уреди извор]

Селото Орово било чисто македонска населба со статус на самостојна општина според царската наредба 259/21 од 19.12.1918 година[2]. Според К'нчов селото броело 172 жители, а Милоевиќ го спомнува со 40 македонски куќи.[2] Во 1913 година имало 363 жители,, во 1920 - 373, во 1928 година 431 жотел, а во 1940 489 жители[2]. Поради сиромаштијата, во селото постоела традиција за одење во прекуокеанските земји. По Граѓанската војна, селото е целосно раселено и уништено. Неколку семејства кои останале по нормализирањето на состојбата биле принудени да се населат во други села,бидејќи грчките власти не дозволиле селото повторно да се обнови, а со царска наредба од 8.5.1957 тоа е избришано од евиденцција и неговиот атар е приклучен кон општината Граждано[2]. Денес е останата само селската црква „Свети Никола“. Денес некогашните жители на Орово и нивните потомци се населени во Скопје, Битола, битолското село Кравари, Тетово, Гостивар, Полска, Австралија, Америка, Канада итн. Пред извесно време неколкумина поранешни жители на Орово издадоа монографија посветена на селото.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Х. Тодор. Населените места во Егејска Македонија. Скопје, 1998. Книга II, стр. 167