Песодер
Песодер Πισοδέρι | |
---|---|
![]() Црквата „Св. Петка“ во Песодер | |
Местоположба во областа | |
Координати: 40°47.10′N 21°14.49′E / 40.78500° СГШ; 21.24150° ИГДКоординати: 40°47.10′N 21°14.49′E / 40.78500° СГШ; 21.24150° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Преспа |
Општ. единица | Преспа |
Надм. вис. | 1.400 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 7 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |

Песодер или Писодер (грчки: Πισοδέρι, Писодери) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 7 жители (2011) — сите Власи.
Географија[уреди | уреди извор]
Селото е сместено 16 км западно од Лерин, високо во јужната падина на планината Баба.
Историја[уреди | уреди извор]
Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]
Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1481 г. како Ипсодер во кое живееле 12 семејства.[2] На крајот на XIX век Песодер било влашко село во Леринската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Писадер (Pissader) било село во Леринската каза со 25 домаќинства и 66 жители Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Песодеръ живееле 750 Власи.[5] Забуната веројатно се должи на тоа што Песодер тогаш било релативно ново село, создадено од Власи дојдени од Епир бегајќи од зулумите на тамошните разбојнички банди,[6] на местото на старата истоимена македонска населба.
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Песодер (Pessoder) имало 480 Власи, и во него работеле грчко и влашко училиште.[7]
Селото било една од главните бази на Грчката вооружена пропаганда во Западна Македонија.[8] Во параклисот „Св. Петка“ во 1904 г. гркоманскиот поп Ставрос Цамис ја погребал главата на големогрчкиот деец Павлос Мелас — основоположник на грчката вооружена пропаганда.[8][9] Во следниот период, Боривое Милоевиќ го завел Песодер како село со 200 влашки куќи.[6]
Во Грција[уреди | уреди извор]
По Балканските војни во 1923 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 727 жители.[6] Властите го затвориле влашкото училиште во селото со намера да го погрчат населението.[10] На пописот од 1920 г. бројот на жители опаднал на 532, а во 1928 г. Песодер имал 457 жители.[6]
Во 1940 г. во селото се попишани 484 жители. За време на Грчката граѓанска војна кај Песодер се одвивале разни борби.[11][12] поради што добар дел од населението се засолнил во градовите, и по војната доста од нив не се вратиле во селото. Поради ова, во 1951 г. Песодер имал само 143 жители кои опаднале на 106 во 1961 г. Иселувањето продолжило и понатаму, па во 1971 г. Песодер имал 48 жители.[6] Во 1981 г. тука живееле 30, а во 1991 г. — 25 жители. На пописот од 2001 г. се е забележан пораст на населението на 68 жители кои сепак, на следниот попис во 2011 г. паднале на само 7 лица.
Според истражување спроведено во 1993 г. селото е чисто влашко и влашкиот език е зачуван на високо ниво.[13]
Население[уреди | уреди извор]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 484 | 143 | 106 | 48 | 30 | 25 | 68 | 7 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Св. Троица од првата половина на XVII век
- Св. Петка од 1848 г.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Во минатото селаните се занимавале само со сточарство, а во поново време застапено е шумарството и одгледувањето на компири.[6]
Литература[уреди | уреди извор]
- Τσάμη, Αντιγόνη Λ., "Το Πισοδέρι Φλώρινας στο πέρασμα των αιώνων", Θεσσαλονίκη 1992.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Kravari, Vassiliki. Villes et villages de Macédoine occidentale, Realites byzantines, Paris: Editions P. Lethielleux, 1989, p. 270. ISBN 2283604524.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 84-85.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 171.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
- ↑ 8,0 8,1 „Η συμβολή των Βλαχόφωνων Ελλήνων στον Μακεδονικό Αγώνα“. Архивирано од изворникот на 2010-02-27. Посетено на 2019-11-27.
- ↑ „Η Ορθόδοξη Εκκλησία και ο Μακεδονικός Αγώνας“. Архивирано од изворникот на 2009-02-18. Посетено на 2019-11-27.
- ↑ Македонски Алманах, Индианополис, 1940 г., стр. 52.
- ↑ Χαρά Κατσούλη (28/1/2001). „Καθ'... οδόν στις Πρέσπες“. Τα Καθημερινά της Κυριακής. Ριζοσπάστης. стр. 16. Посетено на 13 април 2009. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Αφιέρωμα - Δημοκρατικός Στρατός Ελλάδας, σελ. 56
- ↑ Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Песодер на Ризницата ?
- Страница за Песодер на порталот на Општина Преспа (грчки)
- Опис на Песодер од Хенри Брајлсфорд, 1906 г. (англиски)
|