Црвен пипер
Црвен пипер — зачин кој се добива со мелење или дробење на исушени црвени пиперки. Заедно со повеќето традиционални вкусови - сол и шеќер, ова е најчестиот зачин на кулинарски задоволства низ светот. Имињата на зачините на различни јазици се разликуваат, но означуваат ист вид на зачини добиени од пиперки (бибер).
Црвениот пипер им дава на јадењата своја специфична слатка арома, која е целосно ослободена со топлинска обработка. Јадењата приготвени со црвен пипер го засилуваат лачењето на плувачката со што се олеснува пробавата на јагленихидрати. Ги потикнува различните излачувања во пробавен систем така да и тешко сварливата храна је прави полесна за организмот. Црвениот пипер генерално го има во два вида според вкусот - лут и благ.
Иако црвениот пипер честопати е поврзан со унгарската кујна, црвениот пипер води потелко од Новиот Свет и подоцна бил пренесен во Стариот Свет. Со потекло од Мексико, црвениот пипер бил донесен во Шпанија во 16 век.
Трговијата со црвениот пипер се проширила од Пиринејскиот Полуостров во Африка и Азија[1], и на крајот стигнал до Средна Европа преку Балканот, а потоа под османлиска власт, што го објаснува унгарското потекло на англискиот термин. На шпански, црвениот пипер е познат како pimentón од 16 век, кога станал типична состојка во кујната во западна Екстремадура. И покрај своето присуство во Средна Европа од почетокот на османлиските освојувања, таа не станала популарни во Унгарија до крајот на 19 век[2].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Andrews, Jean (1995). Peppers: The Domesticated Capsicums (New. изд.). Austin, Texas: University of Texas Press. стр. 8. ISBN 9780292704671. Посетено на 20 October 2016.
- ↑ Ayto, John (1990). The Glutton's Glossary: A Dictionary of Food and Drink Terms (англиски). London: Routledge. стр. 205. ISBN 9780415026475. Посетено на 20 October 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Црвен пипер“ на Ризницата ? |
- paprika во Викиречникот