Пожарска Клисура
Пожарска Клисура | |
---|---|
Φαράγγι Πόζαρ | |
![]() Реката Топлица во клисурата | |
Геологија | |
Вид | клисура |
Географија | |
Местоположба | Мегленско, Егејска Македонија |
Земја | Грција |
Координати | 40°58′50″N 21°53′36″E / 40.9805°N 21.8934°E |
Река | Топлица |
![]() |
Пожарска Клисура (грчки: Φαράγγι Πόζαρ) — впечатлива клисура во Мегленско, Егејска Македонија.[1]
Опис
[уреди | уреди извор]Клисурата се наоѓа на реката Топлица или Колова Река (Рема Николау) во северозападниот дел на Мелгленско. Топлица се образува од потоците Рамни Бор, Конопица и Лута во југоисточниот дел на планината Ниџе. Реката се спушта змиулесто, паѓа од мали водопади и водата има тиркизна боја. Клисурата има стрмни падини и обрасната е со густа борова шума. Во карпите околу излезот од клисурата има многу пештери со траги од праисториско живеење — пештерскиот комплекс го носи името Мегленски пештерски парк. Кон излезот на надморска висина од 360–390 м извираат топли извори со вода која достигнува температура од 37 °C. Се работи за дождовница која тоне длабоко во земјата, каде температурата силно ѝ се зголемува и се враќа на површината веќе богата со минерали. Тука се изградени Пожарските минерални бањи.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Φαράγγι Πόζαρ“. Natura Graeca. Посетено на 23 мај 2024 г. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Пожарска Клисура на Ризницата ?