Црква „Св. Архангел Михаил“ - Ресава
Свети Архангел Михаил | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
| Парохија | Маренска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°23′11.4″N 21°58′36.7″E / 41.386500°N 21.976861°E |
| Место | Ресава |
| Општина | Кавадарци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Архангел Михаил |
| Изградба | 1840 |
| Живопис | 1881 |
| Зограф | Вангел, Никола и Коста Атанасови од Крушево |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна |
Свети Архангел Михаил — главна селска црква во кавадаречкото село Ресава.[1][2]
Таа се наоѓа во самото село, сместена на главниот пат, кој води кон селото Бегниште.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]
Црквата започнала да се гради во 1837 година.[4]
Црквата била подигната во 1840 година, што се дознава од записот испишан на амвонот:[2]
Соградисја 1840 храмова освештение сеп.6
Архитектура
[уреди | уреди извор]Според својата архитектурна форма, црквата е трикорабна со големи димензии и припрата на западната страна. Сводовите на трите кораби се покриени со дрвена таваница. Црквата има два влеза и тоа од северната и западната страна.[2]
Внатрешноста на црквата е осветлена со по три прозорци на јужната и северната страна.[3]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата имала и ран живопис со нејзината изградба, пред да биде насликана повторно.[4]
Целата површина на црквата е покриена со фрески. За зографисувањето на црквата се дознава дека е извршено на 6 јуни 1881 година, од натписот над северниот влез во црквата од внатрешната страна, каде што се вели дека зографи се браќата од Крушево: Вангел, Никола и Коста.[2][3]
На северниот ѕид во првата зона се насликани стоечки фигури во цел раст. Во втората зона се зографисани следните композиции: Каменувањето на Св. Стефан, Исцеление на слепиот, Преображение Христово и други. На јужниот ѕид нема фрески, бидејќи сѐ е варосано. Во втората зона се насликани композициите: Рождество на Св. Јован Претеча и Гозбата на царот Ирод.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Фреска над влезот во црквата
- Споредниот влез во црквата
- Оштетена надворешна фреска
- Влезната врата на црквата
- Припратата во црквата
- Надворешната порта на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 „Цркви во Маренската парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 16 февруари 2018.
- 1 2 3 4 „Културно и национално наследство на Кавадарци“. Институт за информатика. Посетено на 16 февруари 2018.[мртва врска]
- 1 2 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 429-434.
|access-date=бара|url=(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Архангел Михаил“ - Ресава на Ризницата ?


