Градевица (Ресава)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Градевица— археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Ресава. Претставува некропола од доцноантичко време.
На источниот раб на селото, во нивата на Ч. Стојанов, во 1970 година е откриен гроб од камени плочи - тип циста. По површината на нивите има фрагменти од керамички садови. Откриени се и надгробни стели од црвеникав травертин со натписи на грчки јазик. Стелите се наоѓаат кај сопственикот на нивата Ч. Стојанов. [1]..
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 150, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069