Грамада (Глишиќ)
Грамада — населба од неолитското и римското време во атарот на селото Глишиќ, Македонија. На 1 километар јужно од селото, помеѓу патот и реката Луда Мара, по површините на лозјата се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал (камен, тегули, имбрекси). Еден питос се чува кај Герасим Кујунџиев. Во некогашното лозје на Кујунџиев има фрагменти од неолитска керамика и орудија од кремен и камен.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Градиште — утврдена населба од раноантичкото и римското време;
- Танко Патче — вила рустика од римското време;
- Глишиќ; и
- Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 146. ISBN 9989-649-28-6.