Арамиска Пештера (Гарниково)
Изглед
„Арамиска Пештера“ | |
| Местоположба | 41°20′02″N 22°02′18″E / 41.33389°N 22.03833°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Гарниково |
| Општина | Кавадарци |
| Тип |
|
| Период | римско време |
| Портал „Археологија“ | |
Арамиска Пештера — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Гарниково. Претставува некропола од римско време.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Се наоѓа на границата меѓу атарите на селата Гарниково и Бојанчиште, на левиот брег на селската река, преку тесен и тешко видлив влез се влегува во мала пештера чии димензии не се точно дефинирани. На околу стотина метри од влезот се слуша бучава од рекичката која понира.[1]
Ископувања и наоди
[уреди | уреди извор]Во предниот дел на пештерата биле вршени погребувањa на тој начин што покојниците биле ставана во издлабени места, како мали галерии. Интересен е фактот што коските на покојниците се покриени со сталагмитска маса, со што се скеменети, односно трајно конзервирани. Најдени се 12 бронзени монети, 2 белезици и 1 прстен што се чуваат кај физичко лице.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 146. ISBN 9989-649-28-6.
