Рибарци (Тиквешко)
Рибарци | |
Координати 41°30′35″N 21°57′41″E / 41.50972° СГШ; 21.96139° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Росоман |
Население | 29 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 11037 |
Надм. вис. | 378 м |
Рибарци на општинската карта Атарот на Рибарци во рамките на општината | |
Рибарци на Ризницата |
Рибарци — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Тиквешијата, оддалечено 10 километри северозападно од Кавадарци и 3 километр источно од општинскиот центар Росоман.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век селото било дел од Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рибарци живееле 165 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Рибарци имало 136 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година селото имало околу 41 жител, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 29 жители, од кои 27 Македонци, 1 Србин и 1 останат.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 165 | 136 | 225 | 207 | 189 | 142 | 67 | 51 | 39 | 41 | 29 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
[уреди | уреди извор]Според истражувањата од периодот 1914-1924 година, родови во селото
- Македонски родови:
- Доселеници: Кочовци-Гоговци (3 к.) доселени се на почетокот од XIX век од старото село Демир-Попадија; Туневци (1 к.) доселени се во исто време кога и претходниот род од селото Градско; Иловци (1 к.) доселени се во 1840 година од селото Сопот; Грозановци (1 к.) доселени се во 1850 година од селото Паликура; Пауновци (2 к.) доселени се во 1850 година од селото Сопот; Ѓувалевци (1 к.) доселени се од селото Бизевиќ во 1875 година; Мановци (1 к.) доселени се во 1880 година од селото Рисјанска Курија; Митревци (1 к.) доселени се во 1894 година од селото Паликура.[10]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 714 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.[12]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Верски градби
- „Св. Ѓорѓи“ - камен темелник осветен и поставен на 1 декември 2015 година;[13]
- Археолошки наоѓалишта[14]
- Бела Вода - населба од римското време
- Грамаѓе - населба од младото камено време
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.154
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104 – 105.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Литургија и освет на камен темелник
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 158. ISBN 9989649286.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|