Зоран Ногачески
Зоран Ногачески | |
---|---|
Градоначалник на Општина Дебрца | |
На должноста 15 октомври 2017 – сè уште | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 8 февруари 1966 |
Националност | Македонец |
Партија | СДСМ (2013-2021) Независен (2021-сѐ уште) |
Професија | Правник |
Зоран Ногачески (р. 8 февруари 1966) — македонски политичар и градоначалник на Општина Дебрца од октомври 2017 година. Ногачески е оженет и татко на две деца.
Животопис
[уреди | уреди извор]Постојано живее во село Волино. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје, во 1992 година и се стекнал со високо образование.
Професионалната кариера ја започнал во 1997 година, кога бил избран за секретар на советот на поранешната Општина Мешеишта, која функција ја извршувал до 2005 година. Од 2005-2017 година е вработен како државен службеник во општинската администрација на Општина Дебрца и тоа: од 2005-2011 година како комунален инспектор, од 2011-2013 како раководител на одделението за правни прашања и општи работи, од 2013-2017 како раководител на одделението за инспекциски работи.
Зоран Ногачески од 2013-2017 година е претседател на општинската организација СДСМ Дебрца. На локалните избори одржани на 15 октомври 2017 година, Зоран Ногачески е избран за градоначалник на Општина Дебрца, освојувајќи мнозинство гласови во првиот изборен круг од локалните избори 2017. На локалните избори во 2021 година тој е реизбран за градоначалник, но овој пат како независен кандидат.