Партизански баталјон „Мирче Ацев“

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Баталјон „Мирче Ацев“)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Народноослободителен баталјон „Мирче Ацев“
Bat mirce acev.jpg
Формирањето на народноослободителниот баталјон „Мирче Ацев“ на Славеј Планина (1943)
Активна 18 август 1943 - 11 ноември 1943
Битки НОБ

Народноослободителен баталјон „Мирче Ацев“ (Прв баталјон на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ) — прва регуларна воена единицица на НОВ и ПОМ[1]. Бил формиран на Славеј Планина на 18.VIII.1943 од околу 200 борци од Преспанско-охридскиот НОПО „Дамјан Груев“, делови од Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“, делови од Прилепскиот НОПО „Ѓорче Петров“ и новопристигнати борци од Дебарца[1].

Борбени дејности[уреди | уреди извор]

Борци на партизанскиот баталјон „Мирче Ацев“ во слободното Кичево на 12.9.1943

На почетокот на месец септември 1943 година извршил значаен борбен поход во кој била создадена првата слободна територија во Македонија во Дебарца и ослободен првиот град - Кичево. Почнувајќи со акции од 7 септември 1943 баталјонот извршил напади на италијански карабинерски станици во Охридско, урнал три моста на патот Кичево - Охрид, исекол 130 ПТТ столбови, на 11.IX. ја запалил жандармериската станица во селото Сливово, а на 12 септември влегол во првиот ослободен град - Кичево, каде учествувал во разоружувањето на италијанскиот гарнизон[1]. Во почетокот на октомври 1943, заедно со Првиот косовско-метохиски НО баталјон „Рамиз Садику“ и Вториот кичевски НО баталјон, влегол во состав на Групата баталјони и во периодот од 5 до 9.Х. водел борби кај селата Извор, Кленоец, железничката станица во Подвис, извршил диверзии на патот Ресен - Охрид и се судрил со бугарските гранични сили на планината Баба Сач[1]. Кога главнината на Групата баталјони била вратена во одбрана на слободната територија на Дебарца, околу 70 борци на баталјонот дејствувале на комуникацијата Битола - Ресен[1]. Подоцна заедно со други единици на НОВ и ПОМ, баталјонот водел борби против германско-балистичките сили во Кичевско (5.Х.), со бугарските гранични единици (6.Х.) и на планината Бигла со бугарските единици од ресенскиот гарнизон (24.Х.)[1]. Со групата македонски и групата косовски баталјони водел борба со германско-балистичките сили кај Кичево, селото Раштани (1 и 2.XI) и на планината Буковиќ (6.XI), по што влегол во составот на каде влегол во составот на Првата македонско-косовска НОУ бригада[1]. Баталјонот бил расформиран на 11.XI.1943 во селото Сливово во Охридско каде влегол во составот на Првата македонска НОУ бригада[1]. По осамостојувањето на Македонија, во 1992 година, денот на формирањето на баталјонот - 18 август е прогласен за Ден на Армијата на Република Македонија (АРМ)[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Младеновски, Симо. (2009). „Народноослободителен баталјон „Страшо Пинџур““. Македонска енциклопедија 2: 1016–1017. Скопје: МАНУ.