Велешки партизански одред „Димитар Влахов“

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од НОПО „Димитар Влахов“)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов“
Партизански одред „Димитар Влахов“.jpg
Борци на Народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“
Активнавтора половина на септември 1942 – 18 август 1943
БиткиНОБ

Народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов“ — партизанска единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран во атарот на селото Габровник во втората половина на месец септември 1942 година во рамките на извршената реорганизација на партизанските единици во Велешко и Прилепско од борците на НОПО „Пере Тошев“ и новопристигнати борци[1]. Дејствувајќи по чети и одделемнија (десетини), во периодот од септември до ноември 1942 година, извршил акции и водел борба со бугарската војска и полиција, ги прекунувал и ги уривал ПТТ врските, ги уништувал општинските архиви, напаѓал полициски станици, ги разоружувал селските стражи и формирал НОО во селата Бистрица, Богомила, Чашка, Десово, Нежилово, Поменово, Црешнево, Селци, Лисиче, Катланово, Горно Количани, на железничката станица „Клајман“ денешна ЖС „Васил Антевски - Дрен“, рудникот за момирок кај селото Степанци и др.[1].

Штабот на втората чета на Народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ (1942 година)

Исто така, на 29 ноември во селото 'Рлевци ја разоружал селската контрачета, на 4 декември кај с.Папрадиште водел борба со делови од велешката контрачета, а втората чете на Одредот била опколена од бугарската војска кај селото Војница и при пробојот кон Тиквешијата на 17.XII имала осетни загуби[1]. Загуби имал и во борбите со надмоќните бугарски сили кај селата Дреново и Зелениково и на планината Лисец во декември 1942[1]. Поради отежнатите услови на дејствување, преостанатите борци преминале во илегалство. Одделните групи правеле безуспешни обиди да се префрлат на теренот на Скопска Црна Гора[1]. Во пролетта 1943 година, дел од преживеаните борци влегле во составот на тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов“, а други 15 борци формирале истоимена Партизанска група „Димитар Влахов“ и дејствувале во областа Азот, а потоа се упатиле за Дебарца каде на 18 август 1943 влегле во составот на првоформираниот Народноослободителен баталјон „Мирче Ацев“[1]. Бидејќи е формиран во Велешко познат е и како Велешки народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов“, а бидејќи голем дел од борците биле од Прилеп и Прилепско познат е и како Велешко-прилепски народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов“[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Младеновски, Симо. (2009). „Народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов““. Македонска енциклопедија 2: 1018–1019. Скопје: МАНУ.