Петреќија Стефаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петреќија Стефаноски
Роден 1923 година
Иванчишта, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1 октомври, 1943 година
Буковиќ (планина), Кичевско, Македонија
Националност Македонец

Петреќија Постолов Стефаноски ( 1923 во Иванчишта, Кичевско1 октомври 1943 во Буковиќ (планина), Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од земјоделско семејство. Како младинец имал чести контакти со позадински работници, а посебно со Мирко Милески од Попоец. Бил член на воспитната група во селото и летото 1943 година заминал партизан во Кичевско-мавровскиот партизански одред. Во почетокот вршел курирска работа. Во септември 1943 година, од слободно Кичево доброволно заминал со Мирко Милески да ја брани слободната територија на Буковиќ каде загинал во нерамна борба со многубројниот фашистички непријател и балистите, на 1 октомври 1943 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 124.