Милутин Митрески
Милутин Митрески | ||
Роден | 1924 година Иванчишта, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | април, 1945 година Врпоље, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Милутин Василков Митрески ( 1924во Иванчишта, Кичевско — 1945во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Имал желба да се школува, но таа желба не му се остварила ѝ по завршувањето на основното училиште останал да се занимава со сточарство и земјоделие. Определен за борба против окупаторот, во есента 1943 годнна почнал активно да работи за народно ослободителното движење, а во септември 1944 година заминал како партизан во Првата македонска бригада. Учествувал во борбите за ослободувањето на Охрид, Струга и Кичево. Во состав на Петнаесеттиот корпус заминал на Сремскиот Фронт. Како добар борец станал комесар на вод. Загинал во борба со Германците при еден пробој кај Врпоље во април 1945 година.[1]