Осој (Кичевско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Осој
Осој се наоѓа во Republic of Macedonia
Осој
Местоположба на Осој во Македонија
Координати 41°31′44″ СГШ 20°55′53″ ИГД / 
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Население 593 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 671 м
Карта на општина Кичево со селските атари.

Осој е село во Општина Кичево, во областа Кичевија, во околината на градот Кичево.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Осој се наоѓа во областа Горно Кичево, на 2 км североисточно од Кичево, во близина на планината Бистра.

Историja[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, селото имало 12 домаќинства со 36 жители христијани (Македонци).[1]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Осој живееле 250 жители, сите Македонци.[2]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училишен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Осој:[3]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
33 21 33 1 34 56 92 148

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, селото Осој има 593 жители. На табелата е прикажан националниот состав на населението:[4]

Националност Број
Македонци 397
Албанци 67
Турци 0
Роми 169
Власи 0
Срби 2
Бошњаци 0
други 28

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[5]
Цркви

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
  2. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
  3. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  6. А., З.. „Осветена црквата „Света Петка“ во село Осој“, „Нова Македонија“, 24 јули 2016 (посет. 28 јули 2016 г). (на македонски)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]