Добра Вода
| Добра Вода | |
|---|---|
Поглед на Добра Вода и истоимениот врв | |
| Највисока точка | |
| Врв | Добра Вода |
| Надм. вис. | 2.062 м |
| Географија | |
Добра Вода — висока венечна планина во Македонија што се издига помеѓу долината на Мала Река од исток и Кичевската Котлина од запад[1]. На север започнува од Дупен Камен (1.857 м), со којшто е одделена од Сува Гора, а на југ се протега до долината на реката Треска. Централното било има динарски правец на протегање северозапад - југоисток. Се дели на два дела: северен (познат и под името Челоица) со највисок врв Добра Вода (2.062 м) и јужен (познат како Песјак) со врвовите Кула (1.917 м) и Коњарник (1.874 м). Зафаќа вкупна површина од 396 км2. Неотектонските движења овде се особено манифестирани, така што од сите страни е ограничена со раседи. Планинското било се протега во должина од 25 км. Највисокиот дел е под пасишта, а планинските страни се под дабова и букова шума.[2]
Туризам
[уреди | уреди извор]На планината постои планинарски дом наречен „Железна Река“.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 107. Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-06-02. Посетено на 16 јануари 2024.
- ↑ Македонска енциклопедија. I. МАНУ. ISBN ISBN 978-608-203-024-1 Проверете ја вредноста
|isbn=: invalid character (help). - ↑ „Планинарски дом „Железна река" Сува Гора“. Архивирано од изворникот на 2013-12-13. Посетено на 2009-10-17.
Галерија
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Добра Вода на Ризницата ?- Планинарска страница за Добра вода, Комисија за планинарски патеки при ФПСМ
