Соколе Јованоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спомен обележје за паднатите борци и цивилни жртви во и од Малкоец, меѓу кои е ѝ името на Соколе Јованоски.

Соколе Темелков Јованоски ( 1912 во Малкоец, Кичевско1 октомври 1943 во Буковиќ (планина), Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По занимање бил земјоделец. Определен за борба против окупаторот, во народноослободителната војска на Македонија стапил во летото 1943 година во редовите на Кичевско - мавровскиот партизански одред. Во септември 1943 година, од слободно Кичево, со четата од комесарот Мирко Милески, загинал на Буковиќ за одбрана на слободната територија, каде загинал во нерамна борба со Германците и балистите на 1 октомври 1943 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 69.