Прејди на содржината

Дејан Стојаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дејан Стојанов Стојаноски ( 1919 во Малкоец1 октомври 1943 во Буковиќ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Потекнувал од селско сиромашно семејство кое се занимавало со земјоделие и сточарство. Како напреден младинец, уште од почетокот станал симпатизер на народно ослободителното движење. Во текот на 1942 година учествувал во штрајкот на патарските работници во селото Извор, а во пролетта 1943 година, тој станал партизан со својот татко Стојан. Со Одредот, тој влегол во слободно Кичево во септември 1943 година. Од Кичево, заедно со повеќе свои другари ѝ својот татко, заминале со четата на комесарот Мирко Милески како претстража на слободната територија на Буковиќ каде загинале во борба против Германците и балистите, на 1 октомври 1943 година.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 128.