Стојан Трајаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стојан Трајаноски
Роден 1917 година
Светораче, Кичевско, Македонија под окупација на Србија
Починал април, 1945 година
Врпоље, Хрватска
Националност Македонец

Стојан Лалев Трајаноски (на споменикот е запишан како Стојан Трајкоски) ( 1917 во Светораче, Кичевско1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Споменик на борците од НОВ на Македонија во Светораче, меѓу кои е запишан ѝ Стојан но со презиме Трајкоски.

Животопис[уреди | уреди извор]

Претежно се занимавал со земјоделие. Бидејќи бил определен за борба против фашистичкиот окупатор, го помагал народно ослободителното движење. Во текот на 1943 година бил малтретиран од балистите, што уште повеќе ја засилило вербата во КПМ чиј член станал и тој. Во Народноослободителната војска на Македонија стапил во летото 1944 година во редовите на Првата македонска бригада. Со бригадата учествувал во завршните борби за ослободување на Западна Македонија, а потоа заминал на Сремскиот Фронт, каде бил убиен при пробојот на фронтот кај Врпоље во април 1945 година. Во борбите се истакнал како храбар борец.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 136.