Црква „Св. Богородица“ - Осломеј
![]() ![]() Света Богородица
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Кичевско |
Парохија | Четврта кичевска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°34′32.63″N 21°00′02.86″E / 41.5757306° СГШ; 21.0007944° ИГДКоординати: 41°34′32.63″N 21°00′02.86″E / 41.5757306° СГШ; 21.0007944° ИГД |
Место | Осломеј |
Општина | Кичево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Богородица |
Изградба | 1921 |
Осветување | 1997 |
Архитектонски опис |
Света Богородица — главна селска црква во кичевското село Осломеј, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа на раскрсницата, каде што се двои патот за самото село и за влезот во РЕК „Осломеј“. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба[уреди | уреди извор]
Црквата е сместена надвор од селото во јужна насока.
Историја[уреди | уреди извор]
Црквата била изградена во 1921 година,[2] како што стои и на самиот натпис на црквата. Во 1986 година била обновена и преосветена во 1987 година од страна на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.[2]
Според други извори таа започнала да се гради во 1924 година на местото на некое старо црквиште.[3]
Црквата не била осветена до 1997 година, кога бил организиран голем црковно-народен собор.[4]
Архитектура[уреди | уреди извор]
Во изминатиот период, црквата била обновена и добила нов покрив, а во црковниот двор била подигната трпезарија и камбанарија.[4]
Иконостас[уреди | уреди извор]
Црквата поседува иконостас, кој бил подарок од Цветан Лазарески и потекнува од 1923 година.[2]
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Гробишта околу црквата
-
Поглед на црквата
-
Црквата
-
Помошниот објект
-
Камбанаријата
-
Фреска и натпис за годината на изградба
-
Главниот влез
-
Главниот влез
-
Апсидата
-
Поглед на црквата
-
Портата
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Дебарско-кичевска епархија“. web.archive.org. 2014-03-04. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2021-01-03.
- ↑ Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 51.
- ↑ 4,0 4,1 Антоски, Зоран (2020-08-11). „Нова камбанарија и нов покрив за црквата „Света Богородица" во Осломеј“. Нова Македонија. Посетено на 2021-01-08.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Богородица“ - Осломеј на Ризницата ?