Милован Лазарески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Милован Велимиров Лазарески ( 1921 во Козичино, Кичевско1945 во близина на Винковци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Југославија и Македонија, учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Живеел во Белград со своите родители кои биле печалбари. Како ученик во гимназија, станал член на СКОЈ. Бил апсен од Германците пред кои имал добро држење. Не можејќи да остане во Белград, во 1944 година им се приклучил на редовите на Втората краишка бригада и учествувал во пробојот на Сремскиот фронт каде загинал во април 1945 година во близината на Винковци во борба со Германците.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 78.