Прејди на содржината

Стојко Маринковски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стојко Лазов Маринковски ( 1918 во Горњане, Скопско1945 во Ваљево, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен-плоча во Горњане на која е впишано и името на Стојко Маринковски

Животопис

[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство и со чување на добиток. На 5 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во завршните операции за ослободувањето на Македонија. Во состав на истата заминал во Срем за да учествува во последните борби. Таму успешно завршил тримесечна воено-стручна обука. Потоа учествувал во пробивот на Сремскиот фронт како и во ослободувањето на десетина села и градови во Војводина, Хрватска и Словенија. Откако војната завршила, Бригадата се борела против квинслишките банди во разни краишта на земјата. Во една од тие битки, храбро загинал кај Ваљево, во јуни 1945 година.[1]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 88. На |first= му недостасува |last= (help)