Петре Чангов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петре Чангов
Роден 1915 година
Побожје, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал октомври, 1944 година
Скопско, Македонија

Петре Кртов Чангов ( 1915 во Побожје, Скопско1944 во Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Како сирак уште од рани години слугувал кај поимотни соселани. Основно училиште завршил во родното место. Априлската војна го затекнала на отслужувањето на воениот рок. Како војник бил заробен, а подоцна пуштен. По доаѓањето во родното место, развил интензивна активност во помагањето на народноослободителното движење. Неговата активност била забележана од непријателот, поради тоа во 1942 година бил задржан три месеци во истражниот затвор во Скопје. Потоа бил интерниран во Момчиловград во Бугарија, каде останал до март 1943 година. По враќањето од интернација одново се вклучил во народноослободителното движење. Од малтретирањето во окупаторската бугарска фашистичка полиција, се разболел и бил на лечење во болница. Во август 1944 година стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби против балистите и германските моторизирани колони во Качаничката Клисура. Кон крајот на октомври 1944 година, во една борба против непријателот, бил тешко ранет од минофрлач, од што покасно и починал.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 283. На |first= му недостасува |last= (help)