Александар Огњенов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Александар Николов Огњенов ( 1921 во Побожје, Скопско2 мај 1942 во Црна Трава, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште, а подоцна се занимавал со земјоделство и чување на добиток. И покрај тоа што на овој терен во 1941-1942 година биле формирани и дејствувале Првиот и Вториот скопски партизански одред, тој не успеал да се поврзе со нив. Во меѓувреме бил повикан во бугарската окупаторска војска. Затоа започнал посериозно да размислува како да ја избегне регрутацијата. Таква можност му се укажала во пролетта 1941 година. Истата ја искористил и стапил во Сврлишкиот партизански одред. На 2 мај 1942 година во една борба на Црна Трава (близина на Врање) кај местото Сува Река, загинал во борбата против непријателот. Податоците за локацијата на неговиот гроб не се сочувани.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 109. На |first= му недостасува |last= (help)